Општина Центар целосно го реконструираше детското игралиште зад Универзалната сала во Центар со што најмалите центарци добија современо, безбедно и уредено место за игра, рекреација и дружење, соопштија од таму.
На игралиштето се поставени две нови кули, четири тобогани, мост, две коњчиња, абакус-табла и клацкалка како и нова заштитна подлога и ограда, а обновена е и урбаната опрема. Поправени се двете клупи, поставени корпи за отпадоци, додека двојната лулашка е целосно реновирана, соопштија од Центар.
Градоначалникот Горан Герасимовски апелираше до граѓаните совесно да ги користат и да ги чуваат поставените реквизити и урбаната опрема, а локалните власти ќе продолжат со реконструкција на игралиштата низ Центар, за секое дете да има свое уредено и безбедно катче за игра.
