Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Култура»Вечер во Чифте амам: Изложба што ја спојува етнографијата и уметноста со дела од Националната галерија
    Култура

    Вечер во Чифте амам: Изложба што ја спојува етнографијата и уметноста со дела од Националната галерија

    16/04/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Во објектот на Чифте амам, сместен во Старата скопска чаршија, вечерва со почеток во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Етнографија во делата од колекцијата на Националната галерија“.

    Станува збор за поставка која ги поврзува етнологијата и ликовната уметност, преку интерпретација на етнографските мотиви присутни во дела создадени кон крајот на 19 и првата половина на 20 век.

    Публиката ќе има можност да види вкупно 52 уметнички дела од колекцијата на Национална галерија на Македонија, меѓу кои и ретко изложувани творби од истакнати македонски и балкански автори. Делата се инспирирани од секојдневниот живот, традицијата и општествените прилики во Македонија во различни историски периоди.

    Автор на изложбата е Александар Ристевски, додека соработник и автор на текстот во каталогот е м-р Владимир Таневски. Проектот добива и дополнителна тежина, бидејќи доаѓа во период кога Ристевски ја презема функцијата директор на Музејот на Македонија.

    Од Националната галерија посочуваат дека самиот амбиент на Чифте амам му дава посебна димензија на доживувањето, овозможувајќи делата да се восприемат во автентичен историски контекст.

    Изложбата ќе биде отворена за посетителите во наредните недели.

    Поврзани вести:

    Заврши 17. „МакеДокс“ – „Тристан засекогаш“ ја освои главната награда

    Заврши 17. „МакеДокс“ – „Тристан засекогаш“ ја освои главната награда

    „Џган“ слави 10 години: Јубилејна проекција на култниот македонски филм во Скопје

    „Џган“ слави 10 години: Јубилејна проекција на култниот македонски филм во Скопје

    Кинотеката со богата филмска програма во септември

    Кинотеката со богата филмска програма во септември

    Утревечер Jazz Extravaganza – концерт на Емин, Шарески, Јосифовски и Петров во Јавна соба

    Утревечер Jazz Extravaganza – концерт на Емин, Шарески, Јосифовски и Петров во Јавна соба

    Синоќа затворено 66. издание на „Охридско лето“

    Синоќа затворено 66. издание на „Охридско лето“

    Нова македонска колекција на АИ книги: Практично знаење за вештачката интелигенција конечно и на македонски јазик

    Нова македонска колекција на АИ книги: Практично знаење за вештачката интелигенција конечно и на македонски јазик

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Александар Ристевски Владимир Таневски етнографија изложба историја колекција култура културен настан ликовна уметност македонско сликарство музеј Национална галерија скопје Стара чаршија традиција уметност Чифте Амам
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Заврши 17. „МакеДокс“ – „Тристан засекогаш“ ја освои главната награда

    28/08/2026

    „Џган“ слави 10 години: Јубилејна проекција на култниот македонски филм во Скопје

    25/08/2026

    Кинотеката со богата филмска програма во септември

    24/08/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.