Нивото на реката Вардар во Скопје е прилично зголемено. Впрочем и неколкуте негови притоки кои се над главниот град се со полни речни корита. Се е тоа поради обилните врнежи од дожд.
На некои мерни места водостојот е речиси неколку пати над просечните вредности за месец ноември. Најголем пораст е забележан на реката Треска кај Македонски Брод, каде водостојот е 90 сантиметри над нормалната кота.
Денеска дождот стивна, но се најавуваат нови врнежи следните денови. Значи, можни се и излевања на реките.
Од ЦУК велат дека коритата редовно се чистат и нема опасност од поплави, сепак треба поголема будност и активирање на повеќе институции околу ова.
Пред некој ден новиот градоначалник на Скопје го подзачисти Вардар во централниот дел од градот, потребно е да се стори тоа и на други места. Иако и самиот Вардар – виде – не виде сам си подзачисти откако надојде.
