ХРОНИЧЕН НЕДОСТИГ НА ПОЖАРНИКАРИ ВО
ГРАД СКОПЈЕ, ПОТРЕБНИ СЕ УШТЕ 171 ЗА
ЗАКОНСКИОТ ОПТИМУМ
Kомандантот на скопската противпожарната бригада, Ѕвонко Томевски предупреди дека на Скопје му недостигаат 171 пожарникари, бидејќи според законските стандарди, главниот град треба да има 384, а сега располага со 213 пожарникари.
Дополнителен проблем е недостигот на противпожарни возила, бидејќи дел од нив се стари повеќе години.
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски вчера на Денот на пожарникарите информираше дека дел од противпожарната опрема веќе е обновена, а новото противпожарно возило и две цистерни што веќе се користат.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
