Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Скопје»Градскиот воз може да стане една од најисплатливите сообраќајни инвестиции што Скопје ги добило досега
    Скопје

    Градскиот воз може да стане една од најисплатливите сообраќајни инвестиции што Скопје ги добило досега

    03/09/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Од 1 септември Скопје конечно доби прва функционална линија од проектот „Градски воз“, на релацијата Зелениково – Железничка станица Скопје. Возот минува преку Зелениково, Орешани, Јане Сандански, Драчево и Лисиче, а патувањето до центарот на Скопје трае приближно 24 до 28 минути.
    На линијата има по осум поаѓања дневно во двата правца, а билетот во еден правец чини 40 денари, додека повратниот е 70 денари.
    Вчера градскиот воз симболично го „сефтосаа“ премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт Александар Николоски и скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.

    Ова е само првата од трите линии со кои треба да се создаде основата на скопскиот железнички јавен превоз. Втората планирана линија треба да оди од Железничка станица преку Бутел и Скопје – Север до Ѓорче Петров, односно во пошироката варијанта до Волково. Третата треба да го поврзе центарот со Автокоманда, Маџари и Илинден, а претходно беше најавувана и како линија до Миладиновци.
    За двете линии во моментов се подготвува проектната документација, а според претходно објавената динамика целта е сите три линии да бидат функционални до крајот на 2027 година, евентуално до почетокот на 2028.

    Иницијативата заслужува пофалба, бидејќи Скопје со децении го има железничкиот коридор, но практично не го користеше како сериозен дел од градскиот јавен превоз. Ако возовите бидат редовни, чести и добро поврзани со автобусите на ЈСП, жителите од периферијата ќе можат за дваесетина минути да стигнуваат до центарот без автомобил и без заглавување во сообраќајниот метеж.
    Тоа може да значи помалку автомобили на скопските улици, помал притисок врз паркинзите и, што е особено важно за Скопје, помало загадување.

    Но, тука не треба да заврши проектот – трите приградски линии се добра основа, но следниот чекор би требало да биде создавање и на вистински градски железнички линии со повеќе станици во самото Скопје. Постојната железничка инфраструктура отвора простор да се испита можноста за почести линии, на пример Драчево – Лисиче – Транспортен центар – Скопје Север – Ѓорче Петров, како и Илинден – Маџари – Автокоманда – Транспортен центар – Скопје Север – Ѓорче Петров, со преседнување и интегриран билет со ЈСП.

    Дополнително, вреди да се анализира изградба на нови мали градски постојки на места каде железницата минува покрај густо населени делови, бидејќи токму тие би го претвориле проектот од приградски воз во вистинска скопска градска железница.
    Ако на трите започнати коридори во иднина им се додадат почести поаѓања, нови градски постојки, „park & ride“ паркинзи и единствен билет со автобускиот превоз, градскиот воз може да стане една од најкорисните сообраќајни инвестиции што Скопје ги добило во последните децении.

    Поврзани вести:

    Мицкоски, Николоски и Ѓорѓиевски со првото возење го означија почетокот на „Градскиот воз“

    Мицкоски, Николоски и Ѓорѓиевски со првото возење го означија почетокот на „Градскиот воз“

    Целосно реновирана спортската сала „Гоце Делчев“ во Илинден

    Целосно реновирана спортската сала „Гоце Делчев“ во Илинден

    Градскиот воз почна да сообраќа: Од Зелениково до центарот на Скопје со три дневни линии

    Градскиот воз почна да сообраќа: Од Зелениково до центарот на Скопје со три дневни линии

    Дел од Карпош денеска без вода поради дефект на водоводна цевка

    Дел од Карпош денеска без вода поради дефект на водоводна цевка

    Нов парк ќе никне во Миладиновци, започна изградбата на нов зелен простор

    Нов парк ќе никне во Миладиновци, започна изградбата на нов зелен простор

    ДЗС објави фотографија од запалениот автобус на Водно и објасни што се случило

    ДЗС објави фотографија од запалениот автобус на Водно и објасни што се случило

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Мицкоски, Николоски и Ѓорѓиевски со првото возење го означија почетокот на „Градскиот воз“

    02/09/2026

    Целосно реновирана спортската сала „Гоце Делчев“ во Илинден

    02/09/2026

    Градскиот воз почна да сообраќа: Од Зелениково до центарот на Скопје со три дневни линии

    01/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.