Премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт Александар Николоски и скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски денеска го
„сефтосаа“ градскиот воз на линијата Зелениково – Скопје.
Мицкоски оцени дека проектот, реализиран за околу една година, е чекор напред во подобрувањето на јавниот транспорт и заштитата на животната средина.
Според него, условите на делницата од Зелениково до Централната железничка станица во Скопје се „европски“. Премиерот посочи дека градскиот воз нема да ги реши сите сообраќајни проблеми, но може да
придонесе за намалување на гужвите и загадувањето. Жителите на Зелениково со новата линија ќе можат за кратко време да стигнат до центарот на Скопје.
Мицкоски најави дека Владата ќе продолжи со
реализација на вакви инфраструктурни проекти и во следниот период.
