Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Скопје»Градскиот воз почна да сообраќа: Од Зелениково до центарот на Скопје со три дневни линии
    Скопје

    Градскиот воз почна да сообраќа: Од Зелениково до центарот на Скопје со три дневни линии

    01/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Градскиот воз официјално започна да сообраќа денеска на првата од трите планирани линии, со што граѓаните добија нова можност за побрз и поефикасен јавен превоз до главниот град.

    Првата линија ги поврзува Зелениково – Ново Зелениково – Орешани – Јане Сандански – Драчево – Лисиче – Нова железничка станица Скопје, а сообраќајот ќе се одвива со три возови според утврден возен ред, кој го подготви МЖ Транспорт.

    За реализација на проектот, Железници Инфраструктура изврши целосна реконструкција на железничката пруга на оваа релација, со што беа подобрени условите за сообраќај и овозможено повисоко ниво на безбедност и поголем капацитет за брзина.

    Проектот „Градски воз“ е дел од владината стратегија за подобрување на јавниот превоз во Скопје. Целта е жителите од приградските населени места полесно и побрзо да стигнуваат до централното градско подрачје, со пократко време на патување, пониски трошоци и помалку чекање.

    Особено значајно е што новата железничка линија ќе биде интегрирана со возниот ред на ЈСП Скопје, со што се создава единствен и подобро организиран систем на јавен превоз за граѓаните, учениците и студентите.

    Во меѓувреме, Министерството за транспорт работи и на подготовка на преостанатите две линии од проектот „Градски воз“. Едната треба да ја поврзе Новата железничка станица со Бутел, Скопје-Север и Ѓорче Петров, додека другата е планирана на релација Нова железничка станица – Автокоманда – Маџари – Илинден.

    Официјалната промоција на проектот е закажана за утре. На настанот се очекува да присуствуваат премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, директорите на МЖ Инфраструктура и МЖ Транспорт, како и градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски и градоначалниците на Зелениково, Кисела Вода и Аеродром.

    Според најавите, делегацијата симболично ќе патува со воз од железничката станица во Зелениково до Новата железничка станица во Скопје, означувајќи го почетокот на проектот кој треба да стане нов столб на јавниот превоз во главниот град.

    Поврзани вести:

    Целосна реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“ со изградба на нова атмосферска канализација

    Целосна реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“ со изградба на нова атмосферска канализација

    Ѓорче Петров ќе ги користи искуствата на Кисела Вода за превенција од детско престапништво

    Ѓорче Петров ќе ги користи искуствата на Кисела Вода за превенција од детско престапништво

    Со хуманитарен одбојкарски натпревар и музичка програма одбележан патрониот празник на ООУ „Петар Поп Арсов“ во Карпош 4

    Со хуманитарен одбојкарски натпревар и музичка програма одбележан патрониот празник на ООУ „Петар Поп Арсов“ во Карпош 4

    Жителите на Центар со свои предлози ќе учествуваат во креирањето на новиот ЛЕАП

    Жителите на Центар со свои предлози ќе учествуваат во креирањето на новиот ЛЕАП

    Во петок нема да работат шалтерите за наплата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје

    Во петок нема да работат шалтерите за наплата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје

    Ѓорѓиевски: Младите мора да имаат вистинско место во креирањето на локалните политики

    Ѓорѓиевски: Младите мора да имаат вистинско место во креирањето на локалните политики

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Целосна реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“ со изградба на нова атмосферска канализација

    22/10/2026

    Ѓорче Петров ќе ги користи искуствата на Кисела Вода за превенција од детско престапништво

    22/10/2026

    Со хуманитарен одбојкарски натпревар и музичка програма одбележан патрониот празник на ООУ „Петар Поп Арсов“ во Карпош 4

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.