Град Скопје поднел барање до Владата за да го преземе владеењето со скопското Кале, соопшти градоначалникот Орце Ѓорѓиевски одговарајќи на новинарско прашање во врска со овој простор, вклучително и депониите под тврдината, а особено во врска со лошата состојбата на скривниците, кои се нефункционални и комплетно запуштени.
Ѓорѓиевски посочи дека поголемиот дел од просторот е веќе исчистен, а дека сите останати работни активности ќе следат штом Градот ја преземе одговорноста и грижата за Калето.
Скривниците под Кале, но и на останатите лоцирани низ Скопје, со години се во надлежност на Дирекцијата за заштита и спасување, која треба да се грижи за нивното одржување и обновување. Но, наместо тоа, речиси сите се неупотребливи, во дел од нив не може ни да да се влезе, а дел се претворени во диви депонии.
