Увид во изградбата на новата повеќенаменска спортска училишна сала во „Круме Кепески” во Припор денеска направи градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.
Се работи за спортски објект со површина од околу 500 м², кој на учениците ќе им обезбеди современ простор за спортски активности, а училиштето ќе може да организира повеќе настани, натпревари и вежби во услови кои ги следат највисоките стандарди.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
