Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » (Фото) Скопската зоолошка отпочна со одбележувањето на јубилејот – 100 години од основањето
    Скопје

    (Фото) Скопската зоолошка отпочна со одбележувањето на јубилејот – 100 години од основањето

    19/04/20264 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Со приказни за животните, музички хепенинг и забава за најмладите денеска започна одбележувањето на стогодишнината од основањето на Зоолошката градина во Скопје, која е најстара на Балканот. Денес во неа живеат 500 животни од сто вида, а меѓу најатрактивните се слоницата Данела, нилскиот коњ Буцо, морските лавови, лемури, тапаси, пингвини, автохтоната мечка и многу други.

    Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓеорѓиевски изјави дека одбележувањето ќе трае во текот на целата година и најави процес на реконструкција на старите живеалишта на животните, како и кампања преку која и јавни личности ќе можат да се вклучат и да грижат за животните. На првиот ден од одбележувањето на стогодишнината на Скопје ЗОО, таму беше и Марјо Худемакер, од Европска асоцијација на зоолошки градини и аквариуми.

    – Да го уредиме просторот што долги години беше запуштен. Во Зоолошката градина денеска е гостин господинот Марјо, кој е претставник на ЕАЗА, асоцијацијата од која за жал пред неколку години не изфрлија, и ќе дадеме се од себе за да ги подобриме впечатоците таму но и да видат дека ги менуваме работиуте за да се вратиме повторно во ЕАЗА со што би се вратила можноста за да обезбедиме нови видови на животни овде во Зоолошката градина- рече Ѓеорѓиевски.

    На овие цели, како што кажа тој, се работи заедно со директорката на Зоолошката градина.
    – Од денес започнува и кампања со која практично ќе дадеме можност и јавните личности да се вклучат во делот на згрижување на одредено животно за да можат секој индивидуално да се грижи за некое животно овде, обезбедувајќи храна, просторни услови итн, рече градоначалникот на Скопје, изразувајќи задоволство од зголемувањето на бројот на посетители на Скопје ЗОО.

    Директорката на Скопје ЗОО, Катерина Костова изјави дека најнапред ќе се реновираат најстарите живеалишта на животните, ќе бидат донесени нови животни, а еден од новитетите исто така ќе биде посетителите да можат во одредени денови и часови да гледаат како зоонегователите ги хранат животните и така ќе може да се научи што се јадат животните и како се чуваат. Таа апелираше до посетителите да не ги хранат животните со чипс и смоки бидејќи тие не се гладни, и секогаш имаат храна.

    – Ова е само почеток. Сто години сме издржале многу и наредните сто години се надевам дека ќе биде уште поубаво и дека ќе имаме многу, многу поубава едукација за разлика од сега, понатаму нашите деца да доаѓаат постојано, но и возрасните. Ќе почнеме со реновирање на старите живеалишта и ќе направиме нови Хабитат-европски живеалишта, по стандардите на ЕАЗА и, се надевам, ќе донесеме многу нови животни што досега ги немало кај нас – изјави Костова.

    Во зоолошката градина има живеалишта стари и по 50 години. – Можете да замислите што се тие претрпеле, и земјотреси и поплави, и среќи и несреќи. Првин да ги реновираме постарите живеалишта. На пример живеалиштето на мечката, сепак, таа е наша автохтона и треба посебно да се грижиме за неа. Ќе ги реновираме, ние го викаме тоа прво реон, каде што порано беа бизоните. Таму ќе има мешани животни, за да биде малку поприродно. Доста ги гледаме оние здодевни живеалишта каде што само го гледате животното. Ќе бидат доста природни, со приордни материјали и со доста зеленило – изјави Костова.

    Имаме животни, кажа таа, на кои особено сме горди како што се лемурите, тапасите, а во однос на пингвините Костова рече дека, Скопје ЗОО важи за една од зоолошките градини каде во голема бројка се размножуваат и оти најверојатно им одговара нашата клима. Изрази надеж дека наскоро ќе бидат донесени животни што никогаш не сме ги имале досега, капитални животни.

    Костова кажа дека здравствената состојба на животните е добра и оти зоолошката исто така има постари животни.

    Зоолошката градина Скопје е формирана во 1926 година, од страна на тричлена комисија со која раководел д-р Станко Караман, биолог и доктор по зоологија од Сараево. Истата 1926 година е предложено денешното место за локација на Зоолошката градина. Во тоа време опфаќала 4 (четири) хектари површина, а градината располагала со скромен број на животни, кои претежно биле добиени како подарок од други зоолошки градини и поединци од Балканот и Европа. Во исто време биле отворени и Природно-научниот музеј, а тие извесен период функционирале како една организација, биле изградени и Градскиот парк и Ботаничката градина. Со ова Скопје станал првиот град во тогашните Балкански простори, кои имале ваква природно-научна и зоо структура.







    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Кејот на Вардар кај Маџир Маало со нов современ спортски изглед

    18/04/2026

    „Титан Усје“: Емисиите се под дозволените граници, без филтри нема производство

    18/04/2026

    Се прошируваат капацитетите на ОУ „Страшо Пинџур“ во Ѓорче Петров

    18/04/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.