Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Фалсификувани возачки дозволи за автобуси и камиони: Поднесено обвинение против шест лица
    Република

    Фалсификувани возачки дозволи за автобуси и камиони: Поднесено обвинение против шест лица

    19/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против шест лица осомничени за фалсификување возачки дозволи, информираа од Јавното обвинителство.

    Обвинетите се товарат за продолжено кривично дело „Фалсификување исправа“ според член 378 од Кривичниот законик.

    Според обвинението, првообвинетата, која била вработена во Министерството за внатрешни работи како помлад советник за патни исправи во Одделението за управни работи во Скопје, во периодот од септември 2020 до август 2026 година, со злоупотреба на службените пристапни шифри извршувала измени во возачки дозволи.

    Обвинителството наведува дека таа во повеќе случаи внесувала дополнителни категории во документите, иако лицата не ги исполнувале законските услови за нивно стекнување.

    Останатите пет обвинети, според наводите, биле лица кои немале положено возачки испит за категориите Ц и Д, но преку договор со службеничката поднесувале барања во кои биле внесувани овие категории.

    Со така изменетите возачки дозволи, дел од обвинетите успеале да добијат сертификати за професионална компетентност за возачи во меѓународен превоз на патници и стоки, по што управувале автобуси и товарни возила во меѓународниот сообраќај.

    Обвинителството побара продолжување на притворот за тројца обвинети, меѓу кои и вработената во МВР. За останатите тројца кои се недостапни за органите на прогонот е предложено определување притвор по нивното пронаоѓање, како и водење на постапката во нивно отсуство.

    Во рамки на истиот предмет, истрагата продолжува и за уште 21 лице за кое постојат сомневања дека било посредник или корисник на фалсификувани возачки дозволи. Обвинителството проверува и други можни злоупотреби поврзани со целиот случај.

    Поврзани вести:

    Активни пожари во повеќе општини – еден пожар ставен под контрола

    Активни пожари во повеќе општини – еден пожар ставен под контрола

    Во Вашингтон се разговарало за Чебрен, Галиште и големи американски инвестиции, откри премиерот Мицкоски

    Во Вашингтон се разговарало за Чебрен, Галиште и големи американски инвестиции, откри премиерот Мицкоски

    Странски ловци објавуваат фотографии со застрелани елени во Македонија, повторно се отворија прашањата за ловечкиот туризам

    Странски ловци објавуваат фотографии со застрелани елени во Македонија, повторно се отворија прашањата за ловечкиот туризам

    Денеска променливо облачно и топло, температура до 32 степени

    Денеска променливо облачно и топло, температура до 32 степени

    Врховен суд објасни зошто случајот „Ласкарци“ се враќа во Апелација

    Врховен суд објасни зошто случајот „Ласкарци“ се враќа во Апелација

    Општина Битола: 141 од 180 проекти веќе се реализираат

    Општина Битола: 141 од 180 проекти веќе се реализираат

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    возачки дозволи измама мвр ојо ојо скопје
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    МВР приведе 16 лица во голема акција против дрога низ Македонија

    19/09/2026

    Активни пожари во повеќе општини – еден пожар ставен под контрола

    19/09/2026

    Во Вашингтон се разговарало за Чебрен, Галиште и големи американски инвестиции, откри премиерот Мицкоски

    19/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.