Eвропскиот суд за човекови права при Советот на Европа ќе решава по жалбата на Димитар Апасиев за одбивање на неговата референдумска иницијатива од страна на тогашниот претседател на Собранието Талат Џафери. Лидерот на „Левица” имаше иницијатива граѓаните на Македонија на референдум да се изјаснат за Францускиот предлог каде се наметнуваше Македонија да менува устав по мерка на Бугарија, но тоа беше отфрлено.
-За осуда е тоа што претходно, сите редовни домашни судови се прогласија за ненадлежни да постапуваат по овој предмет, а Уставниот суд на РМ – дури по три години од поднесување на првичното Барање за заштита на слободите и правата на граѓанинот, истото го одби со паушално и правно неиздржано образложение, се вели во соопштението на партијата Левица.
