Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Скопје»Екоактивисти и граѓани протестираа против загадувањето од Усје
    Скопје

    Екоактивисти и граѓани протестираа против загадувањето од Усје

    31/01/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Еколошките активисти од иницијативата „Стоп за Усје“ и граѓани денеска протестираа поради загадувањето на воздухот и бараа од Цементарница „Усје “ да работи според еколошките стандарди зашто, порачаа тие – скопјани имаат право на здравје и живот.

    Протестниот марш почна од Владата преку Собранието и заврши пред Министерството за животна средина и просторно планирање, од кое побараа да одлучува според најдобрите европски стандарди кога на 12 март цементарницата ќе аплицира за обнова на А-интегрираната дозвола.

    На протестот говореа граѓани кои живеат во близина на цементарницата, од населбите Лисиче и Кисела Вода, и побараа компетентност од надлежното Министерство кога ги одобрува дозволите на индустриските капацитети.

    Драган Кавраков, дипломиран технолог кој живее во близина на цементарницата рече дека е директно засегнат, кажа дека според А-интегрираната дозвола што сега ја има „Усје“, може да произведува 1.750.000 тони цемент годишно и дека количеството гориво што и е потребно за согорување е приближно двапати поголемо од количеството што сите возила во Скопје го трошат за една година.

    -Во таа интегрирана дозвола нема напишано ниту еден ред за контрола на горивата што влегуваат во таа фабрика и се согоруваат. Дозволено им е да емитуваат 7.800 килограми сулфур диоксид на ден во атмосферата. Оваа количина на сулфур диоксид е хемиски еквивалент на речиси десет тони сулфуреста киселина дневно. Не знам кој им дозволил и се прашувам дали се компетентни да знаат што прават, но ним им е дозволено да согоруваат 35 илјади тони алтернативно гориво во кое е вклучена пластика, сечкани гуми и текстил. Дозволено им е да согоруваат петрококс од 160 илјади тони, 258 илјади тони лигнит, кој е најнеквалитетниот јаглен, 534 тони јаглен. И за ниту едно гориво нема дефиниран квалитет за влез во фабриката, рече Кавраков и повикувајќи го Министерството одговорно да пристапи кога донесува одлуки за дозволи.

    Учеснците во протестот бараа од „Усје“ да биде општествено одговорна компанија и да дозволи 24-часовно јавно и независно мерење директно од оџаците на цементарницата зашто во спротивно, порачаа тие, се зголемува сомнежот кај граѓаните.

    Поврзани вести:

    Делови од Скопје денеска ќе останат без струја

    Делови од Скопје денеска ќе останат без струја

    Град Скопје повторно воведува електронско плаќање на данокот на имот

    Град Скопје повторно воведува електронско плаќање на данокот на имот

    Отчет на Ѓорѓиевски: Нови инвестиции го менуваат изгледот на Скопје во сообраќајот, екологијата и јавниот простор

    Отчет на Ѓорѓиевски: Нови инвестиции го менуваат изгледот на Скопје во сообраќајот, екологијата и јавниот простор

    Без струја денеска дел од Горно Соње од 9 до 12 часот

    Без струја денеска дел од Горно Соње од 9 до 12 часот

    Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје поради официјална посета од Косово

    Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје поради официјална посета од Косово

    Жителите на Пинтија добија нова фекална канализација, заврши проектот на улицата „Саса“

    Жителите на Пинтија добија нова фекална канализација, заврши проектот на улицата „Саса“

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Делови од Скопје денеска ќе останат без струја

    28/10/2026

    Град Скопје повторно воведува електронско плаќање на данокот на имот

    27/10/2026

    Отчет на Ѓорѓиевски: Нови инвестиции го менуваат изгледот на Скопје во сообраќајот, екологијата и јавниот простор

    27/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.