Колку се нерамни улиците во Скопје најмногу се гледа и чуствува за време на дожд. Полни се со вирчиња, а некаде наликуваат и на мали езерца.
Насобраната вода на улиците кои имаат и дупки и нерамнини ги приморуваат скопјани да вежбаат „скокање” при преминувањето на сообраќајниците. Ако не го прават тоа ќе бидат испрскани од возилата или ќе мора да зашлапаат длабоко во водата таму каде што не треба воопшто да ја има.
Насобраната вода прави проблем и на возачите, оти не можат да воочат дека налетуваат на дупка или голема вдлабнатина па неретко си ги оштетуваат возилата.
Зошто скопските улиците не се подготвени да издржат малку подолго врнење? Прашањето е пред се за градоначалниците.
Сето ова може да се премавне со мала поправка на коловозите, а и со редовно чистење на одводните решетки и шахти. Секако, треба да се бара и квалитет при градењето на улиците, впрочем скопјани за тоа дебело плаќаат и не заслужуваат да се плашат да излезат на улица при малку подолготраен дожд.

