Дел од жителите на скопската населба Маџари денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани технички активности на електродистрибутивната мрежа.
Од Центарот за управување со кризи на Град Скопје информираат дека првиот прекин ќе биде во периодот од 08:30 до 11:00 часот, а ќе ги опфати корисниците на улиците „Карл Либнехт“ и „Темко Попов“.
Прекинот е поврзан со работи во трафостаницата „Маџари 7“, каде ќе се врши чистење, проверка на расклопната опрема, како и долевање масло во кабловската глава и трансформаторот.
Истиот дел од населбата повторно ќе остане без електрична енергија од 11:30 до 14:30 часот, поради активности во трафостаницата „Маџари 6“.
Во рамки на овие работи предвидени се чистење, проверка на расклопната опрема и долевање масло во кабловските глави и трансформаторот.
Од ЦУК информираат дека прекините се дел од планираните зафати за одржување и подобрување на електродистрибутивната мрежа.
