Општина Ѓорче Петров го поддржа проектот „Филигрански Архипелаг 249“ на Марија Милошевска, кој ги поврзува уметноста, традиционалните занаети и креативноста на новите генерации, објави градоначалникот Александар Стојкоски.
Преку работилницата за изработка на филигран, учениците од осмо и деветто одделение добиваат можност да го запознаат овој занает, да создадат свои дела и да ги претстават на изложба.
Стојкоски истакна дека Ѓорче Петров ќе продолжи да ги поддржува културата, занаетчиите и иницијативите што го чуваат нашето наследство.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
