Жителите на дел од Општина Карпош денеска од 09:00 часот ќе останат без водоснабдување поради интервенција на водоводната мрежа.
Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека без вода ќе бидат корисниците од улиците „Никола Парапунов“ и „Разловачко Востание“.
Прекинот во водоснабдувањето е поради санирање на затварач (шибер) Ф80 милиметри на раскрсницата меѓу улиците „Никола Парапунов“ и „Разловачко Востание“.
Од претпријатието посочуваат дека водоснабдувањето ќе биде нормализирано по завршување на интервенцијата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
