ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека денеска ќе има привремен прекин на водоснабдувањето во дел од општина Центар.
Причина за интервенцијата е поврзување на старата со новоизградената водоводна мрежа со пречник од 200 милиметри на улицата „Тодор Александров“ (бб).
Водата ќе биде исклучена од 08:30 часот и ќе остане прекината сè до целосно завршување на работите. Без водоснабдување ќе бидат корисниците од делови на улиците „Тодор Александров“, „Партениј Зографски“ и „Периша Савелиќ“.
Од претпријатието апелираат на разбирање кај граѓаните додека трае зафатот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
