Собранието на Косово денеска со 62 гласа повторно го избра Албин Курти за премиер, по што беше изгласан и составот на новата Влада. Курти пред пратениците ја претстави владината програма, која во најголем дел е идентична со програмата презентирана во февруари годинава.
За прв заменик-премиер и министер за надворешни работи и дијаспора е избран Глаук Конјуфца, додека Доника Гервала ќе биде втора заменик-премиерка и министерка за правда. Трет заменик-премиер задолжен за прашања на малцинствата и соработка е Фикрим Дамка. Хекуран Мурати останува на чело на Министерството за финансии, Ејуп Маќедонци е избран за министер за одбрана, а Џељаљ Свечља за министер за внатрешни работи.
Министер за здравство е Арбен Витиа, додека ресорот образование и наука ќе го предводи Хајрула Чеку. Во новиот владин состав се и Мимоза Кусари-Лила како министерка за индустрија, претприемништво, трговија и иновации, Артане Ризваноли како министерка за економија, Ненад Рашиќ како министер за заедници и враќање и Расим Демири како министер за регионален развој.
