По веста за смртта на Владимир Блажевски – Панчо, бројни колеги преку социјалните мрежи се простуваат од него…
Панчо повеќе од пола година се бореше со повредите, изгорениците на телото и лицето, и иако неговите најблиски, пријателите и фановите се надеваа дека тој е подобар и ќе излезе од болница, за жал, им подлегна на повредите.
„Не беше овој свет за тебе, не е ова место за луѓе со премногу љубов, добрина и талент. Ти од сѐ ова имаше во неизмерни количини и сакам да верувам дека одиш на подобро место.
Многу дружби, спомени, концерти, снимања…
Многу смеење, музика и емоции…
Горда сум што имав брат како тебе, другар за цел живот, колега кој знаеше да ме критикува, пофали, советува…
Патувај мирно Џуџе.
Секогаш ќе те сакам. 💔“ напиша Тамара покрај фотката со Панчо.
„Широко небо Панчо. Не наоѓам зборови џуџе, мислев нема да се дадеш“, напиша Миа Костова, една од многуте блиски на Панчо од ДНК, кои се простуваат од својот другар и соработник.


„Џуџе мое, многу ќе ми фалиш“, стои во пораката од Перо Антиќ.

„Фала ти за секој совет, фала ти за поддршката што ми ја даваше секогаш во секое време, ќе ни фалиш на сите“ – напиша Антониа Гиговска и објави две фотографии со Панчо.„Душата ми е распарчена стари… Не сакам да верувам во ова што го читам и гледам. Ти ми беше еден од ретките луѓе кои не бев сродство по крв, но го чувствував како роден брат.Секогаш знаеше да ме дигнеш кога ќе паднам, беше тука за мене во најтешките и најсреќните моменти од мојот живот, знаеше да ме вратиш назад во живот како никој друг…


Стари мој, што и да пишам за тебе е малце, ваква величина како тебе има само датум на раѓање, и еден цел живот е малце за благодарноста која што ја чувствувам секој ден од кога те запознав.Никогаш нема да те заборавам, и ветувам ќе ја носам љубовта во мене како што само ти ме учеше. Фала ти за се, и се гледаме на друго место. Почивај во мир, ќе ми фалиш…“ – напиша Таско.

„Што и да сакам да кажам, малку е.. Не излегува од грлово… Почивај во мир голем човеку“, напиша пејачката Нина Јанева.
„Пред една година ја снимивме ‘Чаршија’… остана само да збори цела чаршија и целиот свет за вашите дела, музика, музичка група, човечност. Фала ви“ – е последниот поздрав од Бока Конга.


„Многу спомени, а само убави ме врзуваат за тебе. Царството небесно сега има уште еден ангел. Јас сум сигурен дека ти го најде својот спокој, иако болката и тагата се огромни за сите нас. Почивај во мир голем човеку“ – напиша Даниел Николовски.

„Збогум, Панчо. Збогум, Андреј. Збогум, ДНК. Живејте во вечноста и помагајте од горе кога тука ништо не оди — како што помагавте кога бевте тука, долу на земјата… 💔“, напиша Васко Спасовски и прикачи една фотографија од некогашниот бенд.

Фото: Социјални мрежи
