Од театарот „Комедија“ пристигна соопштение за претстојните градежни работи во нивниот објект:
„Ве известуваме дека во периодот од 1 ноември до 20 ноември ќе се изведуваат градежни и технички реконструкции на гледалиштето во нашиот театар. Во овој период ќе бидат поставени нови столчиња и нов под, со цел на подобрување на комфорот и условите за следење на претставите.
И’ покрај реконструкцијата, театарот ќе продолжи да работи според редовниот репертоар за ноември, а сите претстави ќе се изведуваат на Малата сцена.
Оваа реконструкција се реализира со поддршка од Амбасадата на Република Полска, преку програмата Polish Aid. Се работи за сума во висина од 2.000.000 денари, како и со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија во износ од 5.200.000 денари.
Им благодариме за поддршката, и на нашата публика за разбирањето“.
Фото: Принтскрин/
