Автор: Никола Тасев

Со порака на заедништво и решителност, Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје ги собра на кафе своите партиски колеги – кандидати за скопските општини. „Скопје нѐ чека! Го чека обнова. Го чека напорна работа, одлучност и луѓе кои нема да се штедат за неговата иднина,“ истакна Ѓорѓиевски во објава на социјалните мрежи, нагласувајќи дека дојдено е времето да му се врати достоинството на главниот град. „Ние сме подготвени – да го водиме Скопје со чест, со љубов, исправени и со чист образ,“ додаде тој.

Прочитај Повеќе

Годината е 1895. Санкт Петербург е опколен со магла и тајни. Таа е млада, образована и решена да го промени светот. Анастасија Ардашникова, првата жена со диплома по право од Сорбона, се враќа во Русија со визија да ги примени модерните, научни методи на истрага за да стане криминолог. Но во општество каде што нејзиниот глас е едвај слушнат, нејзиниот пат нема да биде лесен. Нејзиниот ентузијазам и професионални амбиции не се разбрани од оние околу неа. Многумина веруваат дека таа е ангажирана во случаи кои се несоодветни за жена. На нејзиниот пат ќе се сретне со Тарас Смолокуров, тврдоглав,…

Прочитај Повеќе

Со нови бушотини за вода, општина Петровец го решава проблемот со водоснабдување во населените места. Во населеното место Сушица се избуши нова бушотина за вода со капацитет на проток на вода од 80.000 литри за 24 часа. Следува период за испитувањето на исправноста и квалитетот на водата, по што водата од оваа бушотина ќе се приклучи кон постоечката водоводна мрежа. Веќе, како што информираа од Општината, се започнати активности за правење на уште една бушотина, која би го решила проблемот со недостиг на вода во овој период од годината и во населените места Блаце, Бадар, Кожле и Тотинци.

Прочитај Повеќе

Најмладите жители Бунарџик добија ново катче за игра, дружење и рекреација, комплетно уредено со современа урбана опрема по највисоки стандарди за детска безбедност и забава. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека освен за просторна урбанизација, ова игралиште е од особена важност за релаксација и рекреација на најмалите жители. „Детското игралиште е опремено со детски реквизити, а поставена е метална ограда која го обезбедува просторот и ја зголемува безбедноста при игра. Дополнително, поставени се и клупи, а со новите корпи за отпадоци се овозможува почиста средина, истакнаа од општина Илинден.

Прочитај Повеќе

Синоќа пред граѓаните на Гази Баба, својата кандидатура за втор мандат ја претстави Бобан Стефковски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој направи краток осврт на неговата досегашна работа и ги најави проектите кои ќе му бидат приоритет во следните 4 години. Повеќе во објавата:

Прочитај Повеќе

Македонскиот фудбалски првак Шкендија направи подвиг, победувајчи ја романска ФЦСБ со 1:0 и на гостински терен во Букурешт ќе игра за историски подвиг. Досега ниту еден македонски тим во овој формат не играл трето коло во квалификациите за ЛШ, а пласман таму ќе донесе сигурна европска есен. Мечот почна со високо темпо на Шкендија и две шанси уште во воведните пет минути. Ибраими и Тамба се заканија, но голманот Тарновану и одбраната реагираа по планот. Продолжи темпото, Тамба излезе сам пред гол во 32. минута, но голманот на романскиот клуб пак одбрани, а ФЦСБ на првата сериозна шанса чекаше до…

Прочитај Повеќе

Собранието попладнево со 65 гласа „за“ и 14 гласа „против“ го донесе Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025 година. Во текот на расправата, власта и опозицијата со спротиставени мислења за овој стратешки економски документ. Ставот на владејачкото мнозинство е дека дополнетиот ребаланс на Буџетот ќе обезбеди економски раст и дека се работи за буџет во кој има повеќе средства за пензионерите, за младите и за реализација на големи капитални проекти во општините. Истакнаа дека се реализирани сите крупни ветувања и посочија дека се зголемени пензиите, платите во образованието, здравството, полицијата и администрацијата, дека има најдобар реализиран откуп на земјоделски производи…

Прочитај Повеќе

Пензиите ќе пораснат за нови 2.000 денари, како продолжение на досегашното зголемување од 5.000 денари во првата година од мандатот на оваа Влада, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук, откако Владата на денешната седница го усвои предлог законот за изменување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување. -Ветивме – исполнивме. И продолжуваме. На денешната владина седница донесовме одлука за ново зголемување на пензиите: 1.000 денари во септември 2025 (исплата на 1 октомври); 1.000 денари во март 2026 (исплата на 1 април). Ова значи дека пензиите ќе пораснат за нови 2.000 денари, како продолжение на досегашното зголемување од 5.000 денари…

Прочитај Повеќе

Традиционалниот турни во мал фудбал во Љубанци беше најавен од општина Бутел, која и годинава е покровителство. – Турнирот ќе се игра на реновирано игралиште со вештачка трева, нова трибина и ново лед осветлување. Општина Бутел ќе биде генерален спонзор на овој убав настан и оваа година ќе го има најголемиот награден фонд, соопшти градоначалникот Дарко Костовски. Турнирот е во чест на загинатите бранители во 2001 година, а ќе ќе започне на 8. август во 20 часот.

Прочитај Повеќе