Автор: Никола Тасев

Мобилен царински тим на граничен премин Меѓународен Аеродром Скопје, на влез во државата, спречил обид за шверц на 27,5 килограми ароматизиран тутун за наргиле. Од Царинската управа посочија дека тутунот што требало да заврши на македонскиот пазар е запленет, а против едно лице, државјанин на Турција се покренала соодветна постапка.

Прочитај Повеќе

ДЕЧИЊАТА ВО ГРАДИНКИТЕ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЌЕ ДИШАТ ЧИСТ ВОЗДУХ Прочистувачи на воздух за сите клонови на детската градинка „Росица“ се обезбедени од општина Ѓорче Петров. Ова информација ја даде градоначалникот Александар Стојкоски, кој појасни дека овие уреди чистат 99.97% од нечистотиите во воздухот – смог, прашина, бактерии и вируси и обезбедуваат свежа средина за дечињата секој ден. „Веруваме дека со вакви мали, но важни чекори правиме многу за иднината на нашите најмали сограѓани“, истакна Стојкоски.

Прочитај Повеќе

На средба со претставници на невладини организации, кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова истакна дека нивната улога е клучна во креирањето и имплементацијата на политики, но и во отворањето на теми и проблеми кои често остануваат запоставени од институциите. Шукова потенцираше дека практиката на негрижа и отсуство на поддршка кон граѓанските иницијативи и културните работници, каква што владееше во изминатите четири години на локално ниво, мора да престане. Таа посочи дека во нејзината програма предвидува воспоставување на отворена соработка со граѓанскиот сектор во сите области

Прочитај Повеќе

Еден од културните белези на Скопје – Универзална сала, ч конечно ќе добие нов лик . Нејзината реконструкција започна пред неколку години, па во меѓувреме и ја запалија, па стоеше, па не се знаеше кој е надлежен. Но сега, како што објасни министерот за култура и туризам Зоран Љутков, ќе се работи забрзано. Новиот изглед ќе ја задржи постоечката форма, ќе биде со капацитет од 1.200 седишта, а ќе има и нова просторна акустика со современи техничко-технолошки системи. Тој посочи дека очекува на почетокот на октомври да завршат постапките за избор на изведувач и надзор, со што, како што нагласи,…

Прочитај Повеќе

Законски измени со кои подметнувањето пожари ќе се оквалификува како тероризам, предлага премиерот Христијан Мицкоски. Тој информираше дека веќе разговарал со координаторот на неговата пратеничката група за итно менување на Законот со што подметнување пожар ќе биде оквалификувано како дело на тероризам, а одлагање на смет онаму каде што не му е местото ќе биде друго кривично дело кое ќе се казнува со казна затвор поголема од пет години. Мицкоски истакна и дека досега се идентификувани дваесетина лица за кои постојат основани сомневања оти стојат позади пожарите и дека постојат центри на моќ кои се обидуваат да внесат страв, паника…

Прочитај Повеќе

Ритамот на Скопје – Урбани вести на Прва Скопска ТВ. Секој работен ден во 16:30, 19:55, 23:00 и 01:00 часот. Следете ја најновата информативна емисија која го отсликува пулсот на главниот град. https://youtu.be/CNPwAXADXJA?si=T63twNMk2T6ENW7h

Прочитај Повеќе