Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » (Видео) Москва повторно нападната со украински дронови
    Свет

    (Видео) Москва повторно нападната со украински дронови

    27/10/20251 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Москва синоќа била цел на напад со десетици беспилотни летала, изјави градоначалникот Сергеј Собјанин, кој појасни дека руската противвоздушна одбрана срушила 34 украински дронови кои летале кон главниот град.
    Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта биле пресретнати вкупно 193 дронови, меѓу кои 40 над Московската област. Министерството потврди дека 34 од тие летала биле насочени кон главниот град. Поради заканата од дронови, московските аеродроми Домодедово и Жуковски привремено го прекинаа работењето.
    Според руските Телеграм канали, експлозии биле забележани во повеќе делови на градот и околните региони. Засега нема извештаи за жртви, а градоначалникот Собјанин изјави дека итните служби се испратени на сите локации каде што паднале беспилотни летала.
    Синоќа избувнал и пожар во складиште за нафта во Серпухово, во Московската област. Локалните власти не ја открија причината за пожарот, наведувајќи само дека тој е изгаснат.
    Украинските власти не ги коментираа нападите. Киев редовно користи дронови со долг дострел за напади врз воени и индустриски цели во Русија, како што се рафинерии и фабрики за оружје. Сличен напад со 34 дронови врз Москва беше забележан и на 22 септември.

    Moscow region. Oil depot 🔥 pic.twitter.com/GzBnyUG9lE

    — Kate from Kharkiv (@BohuslavskaKate) October 26, 2025

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

    дронови моксва напад Украина
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Трамп најави зголемени царини за автомобили од ЕУ

    01/05/2026

    Најмалку 550 приведени на демонстрации во Истанбул

    01/05/2026

    Трамп удри по Италија и Шпанија, не биле од никаква помош

    01/05/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.