Српските портали објавија снимка од големата несреќа што утрово се случи во Белград. Да потсетиме: во Нов Белград, автомобил со босански регистарски таблици, поминувајќи на црвено удри директно во друго возило, при што усмрти трочлено семејство. Шоферот бил пијан со 1,17 промили алкохол во крвта. Нему му е одреден притвор, а полицијата ги испитува сите околности кои довеле до трагедијата.
Претходно објавивме дека во страшна сообраќајната несреќа што утрово се случи во Нов Белград, загина цело семејство: мајка, татко и десетгодишно дете, а две се повредени и се пренесени во Ургентниот центар.
Несреќата се случила утрово околу 1 часот во населбата „West 65“ на Нов Белград, кога возач на „Ауди“ поминал низ црвено светло и директно удрил во автомобилот во кој се наоѓало семејство. Сите тројца патници во удрениот автомобил, од здобиените повреди, починало на самото место.
„Сум видел многу лоши работи, но ова е нешто најстрашно досега“, изјавил потресен очевидец.
Полицијата и обвинителот се уште се на терен, увидот е во тек, а сообраќајот во овој дел од градот е целосно запрен.
Сообраќајката се случила околу еден час по полноќ, на аголот меѓу улиците „Омладинских бригада“ и „Николе Добревиќа“ на Нов Белград.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА
