Автор: Никола Тасев

Полицијата уапсила жител на скопското село Ајватовци, откако го затекнала во близина на полуотворена фолија за одгледување растенија, во која се гледале насадени повеќе стебла од канабис. Местото било обезбедено и подоцна при претрес биле пронајдени и одземени повеќе стебла канабис.

Прочитај Повеќе

Својата визија за побезбедни улици и сигурно движење на најмладите скопјани, ја презентираше денеска кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова. Таа нагласи дека безбедноста на децата е највисок приоритет и дека Скопје мора да стане град во кој улиците се безбедни за сите, најавувајќи проширување на концептот ЗОНА 30, во која максималната брзина е ограничена на 30 километри на час, со современи мерки за смирување на сообраќајот.

Прочитај Повеќе

На асфалтирањето на улица во населеното место Љуботен, Дарко Костовски градоначалникот на Бутел кажа дека тоа што ДУИ тука не го реализирал за 20 години, тие го направиле за четири. Костовски кажа и дека нема повеќе заборавени граѓани на општина Бутел, а најави целосна реконструкција на главните улици во Љуботен кои не биле чепнати од 1998 година.

Прочитај Повеќе

На барање на жителите, општина Центар постави теретана на отворено во Паркот на франкофонија, создавајќи современо катче за здрав и активен живот. Фитнес зоната, како што појаснија од Општината, располага со 17 справи наменети за вежбање и развивање на сите мускулни групи. Во склоп на теретаната има клупи за стомачни, висечки и паралелни шипки, вертикална решетка, боксерска вреќа и друго.

Прочитај Повеќе

Без проблеми се одвива онлајн наставата за учениците од четирите училишта во Гази Баба, за кои Министерството за образовани и наука одлучи една недела да „паузираат“од физичка настава, со цел да се заштитат од можните штетни материи по големиот пожар во магацин за отпад во Трубарево во саботата. – Околу 1800 ученици ја посетуваат наставата и досега немаме ниту една поплака, изјави министерката Весна Јаневска.

Прочитај Повеќе

Македонија имаше жешко лето исполнето со пожари. Летото привршува – пожарите не престануваат, напротив од шумите се префрлија во Скопје. Што се случува во земјава? Има ли крај сето ова? Ќе успеат ли државните институции да ги спречат потпалувачите и кој таквите криминалци ги организира? Сето ова се прашања што јавноста преку социјалните мрежи ги поставува. Граѓаните се гневни, загрижени и помалку исплашени. „Не ни е потребно само да ги фаќаат пироманите на камера, туку ни треба да ги фатат со лисици и да ги сместат во затвор. За тоа се платени и полицијата и обвинителството“, е сублимат на она…

Прочитај Повеќе

И покрај вложените над 18 милиони евра и тоа пред четири години, се уште не е пуштена во употреба големата крстосница со надвозник кај „Момин Поток“. Наместо да се реши сообраќајниот метеж, доцнењето, дополнително ја влоши ситуацијата на овој потег, низ кој минуваат околу 20.000 возила дневно. Возачите се жалат дека често чекаат и по половина час за да поминат 200 метри. Засега, парцијално се решени неколку краци на крстосницата, а слабата сигнализација го комплицира движењето во овој дел од Градот. Особено е проблем за странците кои преку обиколницата влегуваат и излегуваат во Скопје. Иако завршувањето на оваа клучка беше…

Прочитај Повеќе

Ритамот на Скопје – Урбани вести на Прва Скопска ТВ. Секој работен ден во 16:30, 19:55, 23:00 и 01:00 часот. Следете ја најновата информативна емисија која го отсликува пулсот на главниот град. https://youtu.be/J29-r8yd6FI?si=4YjBH7yQ9RpTxBR_

Прочитај Повеќе