Емотивниот говор на таткото на свадбата на Катарина од Хрватска воодушевил, но и расплакал многу корисници на социјалните мрежи откако било објавено видеото.
Видеото од емотивниот говор го споделиласестрата на младоженецот, а за само неколку часа по објавувањето, собрал голем број реакции. Многумина ја препознале искрената емоција на татко кој ја испраќа својата ќерка во брачниот живот.
View this post on Instagram
„Десет дена размислував за некој идеален говор, но го нема. Кога ја видов за прв пат кога дојде од болница, ја зедов во раце и го замолив Бога едноставно да не изгледа како мене. Сепак, Бог имаше свои намери, тој создаде за мене и слика и можност. Помина некое време, па повторно го замолив Бога и тој ми ја исполни желбата, ја направи таква каква што е, добра и светла и чувствителна и полна со љубов. Времето помина така, па повторно му се молам на Бога. Реков, Боже, нека биде среќна. И Бог ја услиши молитвата и ја запозна со Иван“, рекол таткото на невестата во своето емотивно обраќање.
Во својот понатамошен говор, таткото рекол: „Иване, ти го давам и другиот дел од моето срце. Немам што повеќе да ти дадам, а да ти дадам еден совет, немој да го расипуваш. Знам каде живееш“.
Тој ги замолил присутните да ги кренат чашите и да наздрават за новиот чекор во животот на неговата ќерка и нејзиниот сопруг. Додека го држел својот говор, таткото се расплакал, како и присутните гости и неговата ќерка.
Објавата предизвикалаа и голем број коментари, од кои некои биле: „Човеку, ме расплака, колку би било убаво секоја девојка да доживее таков прекрасен татко кој ќе ја покаже својата благодарност кон Бога и својата љубов кон своето дете. Но, исто така, искрено да го сака идниот сопруг на својата ќерка“, „Ова е прекрасно, Бог нека им даде на сите ваков татко“, „Татко со срце како планина. Прекрасен говор, секој збор од срце“, „Ова е љубов и ова е вистински прекрасен татко, пример за тоа какви треба да бидеме сите ние татковци“. „Љубовта ќе го спаси и ќе го води светот, па затоа да живее љубовта“.
Фото: Принтскрин/Instagram
