Комбинацијата од миризливи јаболки и цимет, со додавање на гриз и ореви, создава неодолива хармонија на вкусови.
Потребно е:
3 јајца
100 г шеќер
1,5 шолји гриз
1 шолја (100 грама) мелени ореви
1 шолја млеко
1 шолја масло (можеби малку помалку)
1 прашок за пециво
2 рендани јаболки
малку цимет
по желба, 100 г чоколадо
50 г кикирики
1 лажица џем
Подготовка:
Изматете ги јајцата со шеќерот, додадете гриз и просеан прашок за пециво, додадете мелени ореви, млеко и масло и измешајте сè. Додадете рендани јаболка со цимет и добро измешајте.
Истурете во плех обложен со хартија за печење. Печете на 200 степени C 45-50 минути.
Намачкајте по желба со една лажица џем и наросете со печени кикирики. Прелијте со стопеното чоколадо.
Фото: Принтскрин/YouTube

