Автор: K.

Марија Митева, портпаролка на Владата и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во централниот Дневник на Сител телевизија. Митева изјави дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, како и самата политичка партија, останува доследна на принципот на владеење на правото и неселективната правда. Таа се осврна и на нов голем проект во соработка со ЕУ, кој предвидува реконструкција на објекти, изградба на нови простори за младите и општ развој на општина Кочани, а за деталите кажа дека ќе бидат достапни на јавноста откако ќе се финализираат сите аспекти. -Не ја гледам поентата и логиката во тоа досега да се штити некој, па…

Прочитај Повеќе

По долг период на трпение и многубројни укажувања, Општина Аеродром изрече прекршочна казна во износ од 88.000 евра на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ поради континуирано нефункционирање, несоодветно собирање отпад и негрижа за јавната хигиена на нејзината територија. Оваа санкција не е политичка, туку институционална како резултат на утврдени пропусти во работата на претпријатието. Дополнително, жителите на Аеродром секојдневно се обраќаат до Општината со поплаки за преполни контејнери, неподнослива нечистотија на улиците во сите населби, иако редовно и уредно ги плаќаат комуналните давачки секој месец. -Како градоначалник, сметам дека ова не е нормална и прифатлива состојба!, изјави в. д. градоначалникот…

Прочитај Повеќе

Во понеделникот по неделата на Педесетница, се совршува празнување во чест на Светиот Дух. Тој празник бил востановен од Црквата заради величање на Пресветиот и Животворен Дух, кој е еден од Светата и Живоначална Троица, како спротивставување на учењето на еретиците коишто го отфрлаа Божеството на Светиот Дух и Неговата единосуштност со Бог Отецот и Бог Синот. Светиот Дух е еден со Отецот и Синот во сè, затоа Он и совршува со Нив сè, бидејќи самовластен, сесилен и добар. Преку Него се подава секоја мудрост, живот, движење; Он е изворот на секој живот. Он има сè што имаат Отецот и…

Прочитај Повеќе

Во округот Кофи, во Тенеси, се урна авион со околу 20 лица. Некои од повредените патници беа префрлени со хеликоптер во блиската болница и според првичните извештаи, немаше жртви. Несреќата се случила во близина на регионалниот аеродром Тулахома, а според првичните информации, станува збор за авион за падобранци. Според полицискиот извештај, несреќата се случила околу 12:15 часот. Авионот се урна во близина на аеродромот, а локалните власти и службите за итни случаи веднаш реагираа на местото на настанот. Шест лица се префрлени во болници со хеликоптер, додека други беа прегледани на лице место. Истрагата е во тек, а локалните власти…

Прочитај Повеќе

Денес, 9 јуни 2025 година, делови од скопските општини Карпош и Аеродром ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати од страна на операторот на дистрибутивниот систем. Во општина Карпош, прекинот ќе трае од 08:30 до 15:30 часот, и ќе ги зафати корисниците на улицата Франце Прешерн. Во општина Аеродром, струја ќе нема од 09:00 до 13:00 часот на дел од улиците Симеон Кавракиров, Петар Ацев и Анастас Митрев.

Прочитај Повеќе

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во северните делови засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура за три до пет степени. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 36 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а попладне засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 32 степена. УХМР информира дека од денеска до…

Прочитај Повеќе

Вториот тенисер во светот, Карлос Алкараз, го освои Ролан Гарос. Во финалето на Отвореното првенство на Франција, Шпанецот го победи Јаник Синер со 3:2 по одличен пресврт. Според сетови, резултатот беше 4:6, 6:7(4), 6:4, 7:6(3), 7:6(10:2). Ова беше вториот најдолг натпревар во историјата на финалињата на Гренд слем турнирите, а со 5 часа и 29 минути, беше најдолгиот на Ролан Гарос. Најдолгиот натпревар го одиграа Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал во Мелбурн во 2012 година, кога натпреварот траеше 5 часа и 53 минути. Ова е петтиот Гренд слем трофеј за Алкараз, а втор на Ролан Гарос. Тој освои еден Отворен…

Прочитај Повеќе

Наредните два изборни циклуси – локалните избори кои следат, и парламентарните избори-кога и да се одржат, ќе бидат борба за две големи работи од кои зависи иднината на државата. Првата е правдата и борбата против системот кој ги штити криминалците, против криминалот и корупцијата, а втората спроведување реформи. Борба ќе има и за враќање на Македонија на вистинскиот пат, за враќање на нејзиното достоинство, нешто што минатата власт не го направила – рече вечерва премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на 34. Конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Според него, следуваат избори на кои ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата…

Прочитај Повеќе

Капитенот на Е. Пелистер, Филип Кузмановски, кој воедно е и капитенот на македонската ракометна репрезентација, попладнево се огласи на социјалните мрежи, по реакциите на јавмоста поради неговите зборови искажани по вчерашната победа над Вардар и освоената шампионска титула. -По денешните реакции во јавноста, би сакал да кажам неколку зборови. Во моменти на радост, емоции, еуфорија, прославувајќи заедно со нашите навивачи и пеејќи ги песните, несвесен за зборовите, направив грешка. Грешка која не сакам да се сфати како намерна ниту потценувачка кон некого. Свесен сум за мојата одговорност како капитен на македонската репрезентација на и надвор од теренот. Би сакал да…

Прочитај Повеќе

Денес, директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), г. Мухамет Али, заедно со раководителката на Подрачното одделение на ЦУК – Тетово, Арлинда Муареми, од лице место ја следеше спасувачката акција за извлекување на повредено лице кое паднало во бездна во близина на Ливадичко Езеро, општина Теарце. Информацијата за инцидентот првично беше добиена преку Секторот за итни повици – 112 и Секторот за операции и координација при ЦУК. По извршената проценка беше утврдено дека извлекувањето без специјализирана техничка и логистичка поддршка не е изводливо, по што ЦУК веднаш стапи во контакт со Министерството за одбрана и со началникот на Генералштабот…

Прочитај Повеќе