По измената на коефициентот за пресметка на плата, одлука објавена во Службен весник, се зголемува и платата на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов. Синдикалните претставници коментирајќи ја ваквата одлука реагираат дека секој заслужува зголемување на плата но работниците заслужуваат повеќе од функционерите. Измената доаѓа по смената на директорот, односно откако со ДЗС почна да раководи Стојанче Ангелов. Неговата плата, се зголемува за околу 12 илјади денари, односно за 13,8 отсто. Па така, платата која досега била 92.375 денари, од идниот месец ќе биде 105.159 денари.
Автор: K.
Надлежните органи најавуваат дека до петок ќе биде поднесено обвинение за пожарот што се случи во дискотеката Пулс во Кочани, каде што загинаа 62 лица. Истрагата се одвива со интензивно темпо, а досега се обезбедени бројни докази и извршени се разговори со сведоци и осомничени. Ова на брифинг со новинари го соопшти државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Јавното обвинителство најавува дека обвинението ќе биде поднесено против сите кои ќе бидат утврдени како одговорни за трагедијата.
Царинската управа во мај наплати приходи во износ од 177,3 милиони евра, што е за 7,3 проценти или 12,1 милиони евра повеќе од лани истиот период. Притоа раст на приходите има по секој основ. Приходите од данок на моторни возила бележи раст од 16,7 проценти, од царина за 22,7 проценти и од акциза за 5,2 проценти. Растот на приходите се должи на зголемен пријавен увоз на тутунски производи – или за 31 процент повисоки приходи од лани и на зголемен пријавен увоз на автомобили – или 20 проценти повисоки приходи од лани, истакна директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, денеска…
Односот на власта кон трагенцијата во Кочани ја покажува самиот премиер Мицкоски кој ги етикетира оние луѓе коишто бараат правда односно најблиските од семејствата на загинатите млади луѓе во дискотеката Пулс. Нема правда за Кочани, власта не е испорачува никаква правда туку заштита за своите. Тоа го видовме. -Дел од заштитените кои биле началници во исто време гледаме дека биле и дел од изборниот штаб на ВМОР-ДПМНЕ. Сите оние други коишто биле инволвирани се под заштита на Мицкоски. Тоа не е правда почитувани тоа е неправда. Селективни апсења и жртвени јагниња не се правда. Правда ќе има кога ќе има…
Донесено е Решение за забрана на увоз на пилешко месо од Бразил поради птичји грип, потврди директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Оливер Миланов. Решението, како што истакна, е веќе во сила. Миланов потсети и дека пред пет дена, за спречување на можноста од ширење чума кај малите преживари (PPR), АХВ донесе Решение за забрана за увоз и транзит на живи домашни и диви мали преживари, семе, јајце клетки и емброни од домашни и диви мали преживари, месо од домашни и диви мали праживари, производи и преработки од месо од домашни и диви мали преживари, млеко и производи…
Премиерот, Христијан Мицкоски денес изјави дека Владата планира ученички стипендии за наредната година, а во однос на новинарското прашање за најавата на Владата за помош на студентите за набавка на електронски уреди, изјави: -250 евра за електронски уреди. Тие пари се предвидени во буџетот. Процедурата во рамките на Владата, односно Генералниот секретаријат е отпочната. Се дефинираат критериумите и нормално е дека чекаме да отпочне новата студентска година затоа што еден од критериумите е да студентите имаат заверен семестар. И ги чекаме овие бруцоши коишто сега ќе се запишат за да го заверат семестарот и да може да ги добијат тие…
Времето денеска, сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 32 степена. Во среда во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Потоа ќе преовладува претежно…
Полицијата го уапси струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов, за кого обвинителството пред 9 месеци отвори предистрага, беа направени претреси, се одзеде документација, а финансиската полиција го чешлаше за злоупотреби со даночни исплати, царини и други финансиски дела. Крмзов е лишен од слобода по насоки на Обвинителството за организиран криминал. -Почитувани, под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК полициски службеници реализираа акција во која е обезбедено лице за кое во септември минатата година беше отворена предистражна постапка. Освен ова лице обезбедени се уште две други лица, рекоа од ОЈО. Минатата година во септември беше спроведена акција за даночно затајување во фирми…
Кристијано Роналдо го прослави синоќешниот триумф и освојувањето на Лигата на нации во друштво на својата партнерка Георгина Родригез, а заедно позираа со пехарот. Фотографијата ја споделија Кристијано и Георгина, а покрај онаа на која се прегрнуваат и го држат пехарот, таа додаде и уште неколку снимки кои ги бележат деталите од самото гледање на финалето на Лигата на нации. „Шампиони! Честитки тим“, напиша Георгина со фотографијата. Заедно со своите деца, Родригез го следеше финалето на Лигата на нации, кое се играше во Минхен, а за таа пригода избра прилично предизвикувачка облека – позираше во црвен корсет со црвена долна…
Еурофарм Пелистер во драматична сезона успеа да ја одбрани титулата шампион на Македонија. Во последното коло „зелено-белите“ среде Скопје го совладаа Вардар, а тоа беше доволно за ново славје и шампионски трофеј. За битолскиот клуб ова беше трет титула во низа во Суперлигата, а сè започна во сезоната 2022/23, кога не чело на тимот беше Александар Јовиќ, кој пред неколку месеци ненадејно почина. Пелистерци не го забораваат неговиот придонес во клубот и оваа титула му ја посветија токму нему. Бојан Стерјев, синот на претседателот на Еурофарм Пелистер и браќата Петар и Павле Атанасијевиќ на социјалните мрежи објавија фотографија со шампионскиот…