До Јавното обвинителство Кочани е поднесена кривична пријава против двајца кандидати, В.Г. (37) и Д.Д.Г. (41), од Македонска Каменица. Тие се осомничени дека фалсификувале сертификати за познавање англиски јазик и ги употребиле за да бидат избрани за директори на училишта на 15 јануари 2024 и 1 јуни 2023 година. По именувањето, Одсекот за компјутерски криминал од Штип изврши проверки и утврди дека сертификатите не се валидни. Се претпоставува дека документите се набавени преку лажна агенција, како што е случајот со други сертификати набавени за повеќе кандидати и чинеа по до 800 евра. Претходно, директори во Струга, Драчево и Дебар беа…
Автор: K.
Што е ново во Скопје? Дознавате секој ден во урбаните вести „Ритамот на Скопје“ на Прва скопска ТВ од 16:45, 19:55, 22:00 и 01:00 часот.
Рускиот претседател Владимир Путин ја одобри Стратегијата за развој на руската морнарица до 2050 година, изјави денеска Николај Патрушев, помошник на рускиот претседател и претседател на Рускиот поморски колегиум. -Конечната верзија на стратегијата беше поднесена на разгледување до шефот на државата, а тој ја одобри на 30 мај, рече Патрушев. Шефот на рускиот Поморски одбор потсети дека одлуката за подготовка на стратегијата била донесена во јули 2024 година на состанок во Кремљ и оти, по налог на рускиот претседател, Министерството за одбрана го подготвило нејзиниот нацрт.
На 08.06.2025 во 20.30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје, со наредба од Основен кривичен суд Скопје го лишиле од слобода А.Р.(29) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар физички ја нападнал неговата 33-годишна сопруга, при што употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР.
Остра осуда за убиството на Вања изрази Јавното обвинителство во својот завршен збор од процесот кој се води во скопскиот кривичен суд. Според обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска, убиство, особено убиство на дете, не е само чин на бруталност, туку тоа е директен напад врз човештвото и општеството. -Тоа е дело кое не остава простор за рамнодушност, тоа е чин кој не може да се оправда. Сторителите на злоделата не заслужуваат само правна правна, туку и длабока морална осуда, рече во завршен збор јавната обвинителка. Таа детално објаснуваше како се одвивало планирањето на двете убиства, рече, обвинетите Велибор, Влатко, Боре и…
Во текот на следната недела СДСМ ќе објави дел од имињата на кандидатите за градоначалници од оваа партија за локалните избори кои ќе се одржат во вторта половина на 2025 година, информираше претседателот на СДСМ Венко Филипче при денешната посета на Делчево. Тој најави дека до крајот на јуни СДСМ ќе ги соопшти имињата на сите кандидати за градоначалници. –Во текот на следната недела, следната недела значи неделата после 16 јуни ќе објавиме една група на градоначалници, кандидати за градоначалници за околу триесетина општини, а до крајот на месец јуни ќе се објават скоро сите кандидати за градоначалници, истакна Филипче.…
Азир Алиу избран за нов министер за здравство, тој попладнево ја доби поддршката од 65 пратеници и од утре го презема ресорот здравство. Со 65 гласа за и 15 против пратениците во собранието го избраа Азир Алиу за нов министер за здравство, и Албрим Хоџа како нов заменик-министер за земјоделство. На ова претходеше собраниска дебата на која избирот на Алиу за министер за здравство од опозицијата беше критикуван и посочен како некомпетентен за ресорот здраство, додека пак од страна на премиерот Мицкоски беше образложено дека за модернизација и менаџирање на здравството тој е најдобриот избор и дека ќе има силна…
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал криминал, во соработка со Оддел за криминалистичка полиција, Управата за финансиска полиција и Управа за јавни приходи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Р.К.(56) , З.К.В.(30) и В.П.(29), сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување”, „перење пари и други приноси од казниво дело” и „даночна измама”, против Г.Т.(48), Д.М.(60), П.К.(67), В.К.(26), K.С.(41), К.М.(40), Н.Ф.(43), М.К.(48), М.М.(68), Е.Т.(61) и З.М.(59), сите од Струмица, за сторени кривични дела „злосторничко здружување” и „даночна измама”, против С.П.(58), С.М.(58), Л.К.(52), Л.Б.(37),…
Македонската фудбалска репрезентација славеше на гостувањето кај Казахстан со минимални 0:1 во квалификациите за пласман на СП. Стрелец на единствениот гол беше Александар Трајковски во 33-тата минута од мечот. Еден ама вреден, за три бода и прво мето, барем до крајот на мечот помеѓу Велс и Белгија кој се игра од 20:45 часот. Треба да се напомене дека на овој меч нашата репрезентација ја пратеше и среќата бидејќи селекцијата на Казахстан имаше неколку добри шанси, а по еднаш ја погоди гредата и стативата во вториот дел. Македонија со 4 одиграни меча е на првото место на табелата со 8 бодови,…
Александар Стојкоски, градоначалник на општина Ѓорче Петров, беше гостин во емисијата „За или против на телевизија Алфа“. Тој ги демантираше ставовите на градоначалничката на Град Скопје за наводна изградба на хемиска фабрика на територија на општина Ѓорче Петров, дополнително и ја објасни реалната слика на јавноста. Стојкоски додаде дека ова се обиди на градоначалничката на Град Скопје да создаде хаос меѓу граѓаните. -Жалам што сме сведоци на една таква ситуација. Како да е фиксирана за општината Ѓорче Петров, за разлика од некои соседни општини, каде што ни око не фрла, ниту па да најде забелешка. Работи, инвестира на други места…