Автор: K.

По пет дена борба за живот, работникот од Кина кој тешко се повреди при изведба на градежни работи на автопатот Охрид – Кичево, попладнево им подлегнал на повредите. Смртта на несреќниот работник ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Инцидентот се случи на 3 јуни, кога работник од Кина на возраст од 52 години паднал од дрвена платформа на градилиште во близина на селото Требеништа. Тој веднаш беше пренесен во Специјализираната болница „Св. Ерзамо“, но и покрај напорите на лекарите, за жал, тој денеска починал. Увид на местото на несреќата извршиле екипа од СВР Охрид и трудови инспектори.

Прочитај Повеќе

Македонската фудбалска репрезентација го насочува фокусот кон утрешниот дуел против Казахстан, а еден од најважните адути на селекторот Благоја Милевски повторно ќе биде сигурниот чувар на мрежата, Столе Димитриевски. Голманот на Валенсија и овојпат се наоѓа во одлична форма, а неговите интервенции против Белгија беа клучни за освоениот бод. Очекувањата се исти и за натпреварот во Астана, каде Македонија ќе се обиде да излезе со позитивен резултат по напорното патување. -Имавме долг и напорен пат до Астана, но атмосферата е одлична. Имаме позитивна енергија и подготвени сме да дадеме сè од себе. Сакаме повторно да одиграме цврсто и дисциплинирано, како…

Прочитај Повеќе

Апелираме до Владата да им помогне на родителите од Кочани во остварување на нивните барања, а ако не може барем да не им одмага и со навреди да не им фрла сол на раната. На тие луѓе им е потребна поддршка и разбирање. Ние политичарите сме должни тоа да го разбереме, да ги прифатиме сите критики и да дадеме се од себе да помогнеме. Владата итно да престане да се расправа и да се докажува со родителите кои се наоѓаат во состојба на силна болка и тага. Родителите кои мирно маршираат на улиците на Кочани Влада не смее политички да…

Прочитај Повеќе

Гневот, револтот и големото незадоволство што вчера го искажаа родителите на загинатите во дискотеката „Пулс“ за време на нивниот марш во Кочани биле поврзани со некаква политичка заднина. Тоа го тврдеше денеска портапорлката на Владата, Марија Митева. Вчера родителите побараа оставки од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поради селективната истрага и отсуството на емпатија на највисоките функционери во власта. Таткото на загинатиот тапанар на групата „ДНК“ ја нарече Сиљановска „маќеа“, а не мајка на нацијата и гневно ја искина поканата што дошла од нејзиниот кабинет за средба без да има личен потпис…

Прочитај Повеќе

Русија ја предаде првата група од 1.212 тела на украински војници на точката за размена согласно Истанбулските договори, изјави денеска генерал-потполковник Александар Зорин, претставник на руската преговарачка група. -Во строго почитување на договорите постигнати за време на руско-украинските преговори во Истанбул на 2 јуни и согласно распоредот договорен со украинската страна во Истанбул, руската страна ги предаде телата на украинските војници подготвени за репатријација во зоната на размена. Ова е првата група, првиот дел се состои од 1.212 тела на украински војници, од кои многумина се идентификувани, но сите се идентификувани како украински војници според нивната униформа и областа каде…

Прочитај Повеќе

Ракометарите на Еурофарм Пелистер во драматичен натпревар кој понуди голема борба и неизвесност до самиот крај славеше во Скопје со 30:32 и така ја одбрани шампионската титулата во Суперлигата. Победникот беше одлучен на 20 секунди до крајот на мечот кога Манасков реализираше седмерец за два разлика кои беа недостижни. Најефикасен кај Пелистер беше Филип Кузмановски со седум гола, додека кај Вардар не беа доволни ниту осумте гола на Вуко Борозан. За Пелистер ова е деветта титула во Суперлигата.

Прочитај Повеќе

Собранието утре треба да го разгледа владиниот предлог Азир Алиу да биде министер за здравство. Во биографијата пишува дека Алиу е дипломиран електроинженер и доктор по информатички науки кој моментно ја извршува функцијата редовен професор на Факултетот за компјутерски науки и технологии при Универзитетот на ЈИЕ во Тетово. Алиу беше министер за информатичко општество и администрација во 2023 и 2024 година. Алиу е дел од Алијансата за Албанците која останува во Вреди по оставката од 15 мај годинава на Арбен Таравари и неговата одлука да замине во опозиција. Владата од Алиу очекува макотрпна работа, посветеност и реализација на Програмата во…

Прочитај Повеќе

Владата следната недела ќе донесе Одлука со која одморалиштето „Пониква“ ќе му се отстапи на Министерството за здравство како објект за продолжена медицинска нега и рехабилитација на повредените во пожарот во Кочани. Како што соопшти владината портпаролка Марија Митева, одморалиштето има 27 соби и 56 легла, а е лоцирано во природна и мирна средина што го прави погодно за пациентите. -Станува збор за пациенти кои се веќе стаблизирани, но за кои постои потреба од натамошен третман. Тие ќе се распределат во неколку групи и ќе им се обезбеди персонализиран пристап, истакна Митева на прес-конференција во Владата. Оваа мерка, напомена, е…

Прочитај Повеќе

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре ќе престојува во работна посета на Астана. Посетата се реализира на покана на заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Република Казахстан, Мурат Нуртлеу. Во рамки на посетата, министерот Муцунски ќе оствари средби со министерот за надворешни работи Нуртлеу, со министерот за трговија и интеграција на Казахстан, Арман Шакалиев, како и со гувернерот на Меѓународниот финансиски центар на Астана, Ренат Бектуров. На средбата со министерот Нуртлеу ќе се разговара за унапредување на билатералната соработка во политичката и економската сфера. Притоа, ќе биде потпишана и Програма за соработка меѓу Министерството за…

Прочитај Повеќе

Министерството за внатрешни работи денеска ги отфрли како „невистинити и неосновани“ тврдењата на СДСМ дека институцијата набавила софтвер за шпионажа и прислушкување. Во демантот, испратен до јавноста од Секторот за односи со јавност и протокол, се наведува дека станува збор за редовно обновување на лиценци за дигитална форензичка опрема, која се користи веќе повеќе од една деценија. Според МВР, лиценците се за софтвер наменет за екстракција и анализа на податоци од мобилни телефони и други електронски уреди, исклучиво во контекст на истраги што се водат со судски налози и во согласност со законските процедури. -Овие алатки не овозможуваат и не…

Прочитај Повеќе