Полицијата ноќва во 1:30 часот на Меѓународен аеродром Скопје го привела А.С.(44) од Норвешка, постапувајќи по претходна пријава дека во авионот во кој патувал од Осло до Скопје го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување. Како што информира МВР, при обид да биде извршен службен разговор со А.С, тој агресивно се однесувал и кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Автор: K.
Група дрвокрадци со директен судир го оштетија службениот „Дастер“ на Шумската полициска станица во Прилеп – соопшти вечерва на социјалните мрежи заменик директорот на ЈП „Македонски шуми“, Кире Михаилов. Тој напиша дека, кога јавно зборува за тоа како сторителите не избираат средства за бегство, дел од граѓаните во коментарите знаат да се потсмеваат. Според него, најжално е тоа што истите тие луѓе секојдневно ја уништуваат природата во Прилепскиот регион, иако безброј пати досега биле фатени. Михаилов апелира до судот и обвинителството да преземат построги мерки, пред да се случи сериозен инцидент во кој некој од вработените ќе биде повреден или,…
За неколку дена се одложува отворањето на новите реновирани Управни служби на Министерството за внатрешни работи во зградата на МТВ. Како што информираат од МВР, точниот датум на отворањето ќе биде дополнително соопштен. На настанот закажан за денеска по повод отворањето на новите реновирани Управни служби, најавено беше присуство на ресорниот министер Панче Тошковски.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се движат од 11 до 19, а максималните од 26 до 38 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб со умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде 17, а максималната ќе достигне 38 степени. УХМР информира дека од утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за 3 до 5…
Празникот Педесетница, во народот познат како Духовден, е посветен на настанот на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, на педесеттиот ден по Воскресението Христово, односно на десеттиот ден по Вознесението Христово. За време на Својот земен живот, Спасителот повеќе пати им говорел на Своите ученици за доаѓањето на Утешителот, Духот на вистината, Којшто ќе го разобличи светот заради гревовите на луѓето, Којшто ќе ги научи апостолите на благодатниот пат на вистината и правдата и Кој ќе го прослави Христа. Пред самото Свое Вознесение, Исус го повторил Своето ветување за праќањето на Утешителот: „Ќе примите сила кога на вас ќе слезе…
Според властите, нападот се смета за атентат. На видеа на социјалните мрежи се гледа како 39-годишниот политичар држи говор на митинг во западен дел од градот, кога се слушаат истрели. На други снимки Урибе лежи на земја, крвав. Градоначалникот на Богота, Карлос Галан, соопшти дека Урибе е пренесен во итна медицинска установа. Еден осомничен е уапсен, а според здравствените власти, сенаторот бил погоден од три куршуми, од кои два во главата. Според колумбискиот весник „Ел Тиемпо“, напаѓачот е 15-годишно момче. Колумбиската влада, предводена од левичарскиот блок, остро го осуди нападот, нарекувајќи го напад врз демократијата, слободата на мислата и правото…
Демократската унија за интеграција преку соопштение до медиумите изразува длабока загриженост во врска со најновите извештаи за недоволната застапеност на Албанците на одлучувачки позиции во државните институции на Република Северна Македонија. -Според анализа објавена во неколку медиуми, Албанците се недоволно застапени во неколку клучни институции, вклучително и Претседателството, Министерството за дигитална трансформација, Министерството за спорт, Народната банка, МЕПСО и Агенцијата за администрација, велат од ДУИ. Овој диспропорционален однос е особено загрижувачки по укинувањето на механизмот „Балансер“ од страна на Уставниот суд на 9 октомври 2024 година, кој претходно обезбедуваше правична застапеност на заедниците во државната администрација. По оваа одлука, отсуството…
Околу 4 часот утринава на подрачјето на Карпош скопската полиција привела шест тинејџери затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со агресивно однесување, а дел од нив биле агресивни и кон полициските службеници. -На 07.06.2025 во 03.50 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Ѓ.С.(18), Т.Д.(19), Л.Т.(19), М.У.(19), О.М.Р.(19) и Ј.К.(19), сите од Скопје, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со агресивно однесување, а Т.Д. и М.У. агресвно се однесувале и кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија, се наведува во полицискиот билтен. По целосно документирање на случајот, против лицата…
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски во интервју за Прва Скопска ТВ, одговори на прашањата, кои ги интересираат скопјани, но и пред се, граѓаните на општина Бутел. Освен што кажа што реализирал, а што не, од својата програма, градоначалникот посочи и како го гледа Скопје во иднина. -Градот Скопје, во наредните 10 години ќе има сериозна експанзија во смисла на модернизирање, бидејќи сум убеден, без разлика кој ќе стане градоначалник на Град Скопје, ќе има жестока поддршка од оваа Влада, која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и следуваат 10-те најубави години за градот Скопје, рече Костовски. Целото интервју со градоначалникот на општина…