Во тек е акција под раководство на обвинител од Специјализираното одделение за полициски службеници, соопштија од ОЈО ГОКК. Како што објавуваат медиумите во Кочани и во Штип вечерва се приведени 13 лица, меѓу кои се началници и полицајци кои биле на смена, вечерта кога се случи пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Приведени се Т.Д. (началник на крим полиција), Д.П. (сменоводител ноќта кога се случи несреќата), М.М. (началник на ОВР Кочани), К.Ј. (началник на економски криминал при ПС Кочани), како и М.Р (полицаец кој бил на смена вечерта на несреќата). Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи…
Автор: K.
рвениот крст на Република Северна Македонија информира дека денеска, по кратко боледување, во раните утрински часови, починал нивниот долгогодишен колега Глигор Новачевски. Во негова чест, утре со почеток во 10 часот ќе се одржи комеморативна седница во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“ во Скопје. -По кратко боледување, во раните утрински часови, нѐ напушти нашиот драг и долгогодишен колега Глигор Новачевски. Во овие моменти на болка тешко е да се најдат вистинските зборови за да го опишеме она што нашиот Гиго ни го остави зад себе во својата над 30-ет годишна кариера во Црвениот крст. Секогаш насмеан и ведар, полн…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел Сориано Ортиз, постојаната координаторка на ОН, Рита Колумбија и претставникот на УНДП во Скопје, Армен Григориан, во пресрет на одржувањето на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот (FfD4), што под покровителство на ООН ќе се одржи во Севиља, Шпанија, а на која ќе учествува Сиљановска-Давкова. На средбата претседателката, како што соопшти нејзиниот Кабинет, била запознаена со целите, очекувањата и важноста на Конференцијата. Лидерскиот собир во Севиља, соговорниците го оценија како добра можност за изнаоѓање решенија за справување со финансиските предизвици во исполнувањето на Целите на одржливиот развој. Од Конференцијата,…
Потерницата е испратена, и сега треба државите кои што се наши партнери да дадат одговор каде е Артан Груби. Јас не знам дали Никола Груевски избегал со дипломатско возило или не, немам таков увид во истрагата. Но, да кога станува збор за Артан Груби самиот тој или лицето кое што го придружувало или превезувало, тоа е почесен конзул на една држава со возило со дипломатски таблици ја напуштило Македонија, и потоа тоа лице беше повикано на информативен разговор, изјави Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Северна Македонија во вечерашното гостување во централниот дневник на телевизија Аласат М. Одговарајќи на…
Министерството за внатрешни работи соопштува дека телефонската линија 192 e во прекин поради технички проблем. Како што се посочува во соопштението, граѓаните кои имаат потреба можат да го користат бројот 112, се до отстранување на техничките проблеми. – Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека бројот 192 поради технички причини моментално не е во функција, се преземаат мерки за нивно отстранување. Ве информираме дека во функција е бројот 112 и граѓаните кои имаат потреба можат да го користат овој број, се наведува во соопштението.
Игуменот Георгиј (Ѓорѓевски) на денешната седница на Светиот Архијерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија беше едногласно избран за нов митрополит Дебарско-кичевски. Како што стои во објавата на црковниот портал „Литургија.мк“, денот на ракополагањето во епископски чин на игуменот Георгиј ќе биде дополнително објавен. Дебарско-кичевската епархија остана без прв човек откако минатата година во ноември по кусо боледување на 73 години почина тогашниот митрополитот дебарско-кичевски, господин Тимотеј. Георгиј беше единствен кандидат за оваа висока црковна позиција, кој на празникот Педесетница доби ново унапредување во монашки чин – игумен на церемонијата одржана во соборниот храм „Свети Климент Охридски“. Произведувањето…
Пропадна првиот обид да се смени изборниот модел, за да се обезбеди поголема демократија. Предлогот на ЛДП за „една изборна единица со отворени листа“ не доби поддршка од пратениците. За него гласаа само 19 пратеници од опозицијата. – Не е фер гласовите на околу 30 до 40 илјади граѓани да одат во вода, само заради изборниот модел. Ова не е само политичка неправда, туку е уставна повреда на начелото за еднаквост на гласот, изјави Моника Зајкова, претседателка на партијата – предлагач. Според Зајкова, демократијата ќе се унапреди доколку постои можност граѓанинот да го бира директно својот пратеник преку отворени листи.…
На 10.06.2025 Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против едно лице поради постоење на основано сомнение дека сторило кривично дело Член 251-б, ст.1, а во врска со Член 45 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија, поради тоа што во текот на месец февруари со намера за стекнување на противправна имотна корист, преку претходно наменски креиран профил на социјалната мрежа „Инстаграм“ со содржини со кои прикажувајќи се лажно како лице кое поседува информации за „сигурни спортски типови со загарантирана добивка“ стапило во контакт со оштетеното лице. При комуникацијата пријавениот ја стекнал довербата на измаменото…
Синодот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија денеска ќе одржи седница за избор на митрополит на Дебарско-кичевската епархија, која остана без прв човек, откако минатата година во ноември по кусо боледување на 73 години почина тогашниот митрополитот дебарско-кичевски, господин Тимотеј. Седницата е закажана за 10 часот, а засега единствен кандидат за оваа висока црковна позиција е јеромонахот Георгиј, кој на празникот Педесетница доби ново унапредување во монашки чин – игумен на церемонијата одржана во соборниот храм „Свети Климент Охридски“. Произведувањето го изврши архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. Поранешниот декан на Богословскиот факултет Ѓоко Ѓорѓевски се замонаши на 27…
На 10.06.2025 во 14.42 часот на автопатот Скопје-Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода А.И.(21) од с.Нераште, тетовско. При сообраќајната контрола и преземени мерки, полициски службеници констатирале дека А.И. управувал патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 175 километри на час на место каде максималната дозволена брзина е 100 километри на час. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување на моторно возило“.