Автор: K.

Од денеска до 17 јуни на полноќ е првото електронско пријавување во јунскиот рок за запишување ученици во прва година во јавните средни училишта во државава за учебната 2025/2026 година. Пријавувањето на учениците е со електронско аплицирање, преку линк до системот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk/ со посебна најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk Откако ќе заврши електронското пријавување, ученците на 18 јуни (од 8 до 19 часот) и на 19 јуни (од 8 до 17 часот) треба да ја достават потребната документација до училиштата. Конечната ранг-листа со резултатите од запишувањето и…

Прочитај Повеќе

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 31 степен. Од УХМР информираа дека во следните денови времето ќе биде стабилно, претежно сончево и топло.

Прочитај Повеќе

Францускиот претседател Емануел Макрон објави дека Франција ќе го брани Израел доколку Иран го нападне, објави Анадолу. Доколку Иран го нападне Израел како одмазда, Франција, земајќи ги предвид „своите средства“ и доколку е во можност да го стори тоа, ќе учествува во операции за „заштита и одбрана на Израел“, рече Макрон на брифинг за медиумите. -Ја изразив нашата подготвеност во овој поглед, рече Макрон, додавајќи дека Франција нема намера да учествува во никаква офанзивна операција. -Нема да учествуваме во офанзивна операција, повикуваме на дипломатско решение, додаде тој. -Соочена со голем ризик од дестабилизација за целиот регион, Франција сега ги повикува…

Прочитај Повеќе

Навистина ми е драго што сме покрај Заливот на коските, наjпосетуваниот музеј во Македонија којшто од денес ќе е подостапен по еден реконструиран пат. Особено ми е драго што овој пат се реализира. Овој пат е витален за целото крајбрежје, за целиот туризам. Она што ми е особено драго е што се направи еден модерен пат по којшто полесно и побрзо ќе можат да стигаат луѓето кои што живеат на овој дел од езерото, но исто така и туристите да можат многу полесно да комуницираат, изјави вицепремиерот Александар Николоски на свеченото пуштање во употреба на реконструиран патен правец Охрид (Коњско)…

Прочитај Повеќе

Во општина Гази Баба, фирма била затекната од инспекторат на Град Скопје при вршење нелегални активности, правење огромна дива депонија со градежен и опасен отпад и бесправна експлоатација на земјиште, без лиценци, елаборати, дозволи и одобренија, што, како што велат од Градот, претставува сериозна опасност по здравјето на граѓаните и животната средина. Од Град Скопје, апелираат до Министерството за внатрешни работи да постапи, бидејќи, нагласуваат, неказнивоста и непостапувањето предизвикува сторителите на вакви дела да мислат дека се недопирливи пред законот. -Фирмата која прави дива депонија и каде се експлоатира, го има поткопано 110kV кабловски и воздушен далновод кој го напојува…

Прочитај Повеќе

Предлог-препораките за македонските учебници за VII одделение, како и за евентуални заеднички чествувања биле тема на разговор на 36. средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања што се одржа вчера и денеска во Скопје. – Во врска со предлог-препораките повторно до израз дојдоа различните погледи и сфаќања. Што се однесува до евентуалните заеднички чествувања се разговараше принципилно, а не по конкретни предлози, соопшти македонскиот тим од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања. Без оглед на различните пристапи и мислења, македонскиот тим од Комисијата, како што нагласуваат оттаму, настојува на проактивен курс, притоа залагајќи…

Прочитај Повеќе

Тројца малолетници се повредени, од кои едниот потешко, во сообраќајна несреќа меѓу два мопеда што се случила вчера вечер, на 12 јуни, нешто пред полноќ на улицата Крушевска Република во Битола. Од СВР Битола соопштија дека сообраќајната несреќа настанала помеѓу два мопед „лонгиа“ со битолски регистарски ознаки управувани едниот од 15-годишник, а дриот од 16 -годишник од Битола. Еден од малолетниците не ги исполнувал условите да управува мопед, зашто според законот тоа е дозволено со наполнети 16 години. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 14-годишен сопатник на мотоциклот кој го управувал 16-годишникот, додека со телесни повреди се здобиле…

Прочитај Повеќе

Три месеци по трагедијата во Кочани поднесено е обвинение за 34 физички и три правни лица за повеќе кривични дела поврзани со пожарот во дискотеката „Пулс“. Тие предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од поголеми размери, на место на кое се собрале поголем број на луѓе, односно за пожарот при настапот на музичката група ДНК на 16 март, каде што животот го загубија 62 лица, 157 се здобиле со тешки повреди и 54 лица со повреди, изјави на прес-конференција државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски. Според него, тие свесно непостапувале според прописите и техничките правила…

Прочитај Повеќе

Поради постоење основи на сомнение дека во периодот од 14.03.2025 до 16.03.2025 на територија на СВР Штип сториле кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава, а јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при ОЈО ГОКК донесе наредба за спроведување на истражна постапка против 13 полициски службеници. Имено, тие како соизвршители не постапиле според прописите за мерките за заштита – одобриле План за акциска контрола на угостителски објекти на подрачјето на Полициската…

Прочитај Повеќе