Автор: K.

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“, причина за прекинот е изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм на улицата „Осло“ бр. 15б. Се очекува во текот на денот да се нормализира водоснабдувањето.

Прочитај Повеќе

На 10.06.2025 во 11.30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода С.Н.(39) од Штип. При претрес во нејзиниот дом, извршен со наредба од Основен суд Штип, биле пронајдени и одземени прашкаста материја и дигитална вага со остатоци од марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Прочитај Повеќе

Сувите сливи се добри за здравјето од повеќе причини, а имаат и многу практични ефекти доколку се консумираат редовно и умерено. Сувите сливи се, без сомнение, најдоброто сушено овошје. За разлика од свежите сливи, сувите може да се чуваат околу шест месеци. Кога се чуваат во фрижидер, во затворен сад, остануваат за јадење и до една година. Сувите сливи содржат концентриран сорбитол и влакна, што им дава поголем лаксативно дејство од свежите сливи. И свежите и сувите сливи се вистинска ризница на калиум, влакна, витамин К, а може да се најдат и траги на магнезиум и железо. Во која било…

Прочитај Повеќе

На свечена церемонија што која се одржа во Владата на Република Македонија, премиерот Христијан Мицкоски се обрати пред присутните по повод доделување Национално признание на најуспешните македонски спортисти за врвни достигнувања во спортот. -Нне зборуваме само за спорт, зборуваме за пожртвуваност, за истрајност, за достоинство, за љубов кон татковината. Денес овде ја исправуваме државава пред нејзините најгорди амбасадори – спортистите, што со години наназад ја носеа во срцето и на грбот и на терените, арените и подиумот ширум светот. Доделувањето на Национално признание за врвни достигнувања во спортот е повеќе од формалност, тоа е чин на длабока, искрена и заслужена…

Прочитај Повеќе

Фудбалската репрезентација на Македонија бележи значаен напредок на најновата ранг-листа на ФИФА, каде заедно со Курасао, Судан и Индонезија е меѓу селекциите со најголем скок. По убедливата победа против Казахстан и ремито со Белгија, „црвено-жолтите“ напредуваа за четири позиции и во моментов се наоѓаат на 63. место со освоени 1.390,79 поени. Овој напредок од 15 поени на табелата ја потврдува позитивната форма на избраниците на селекторот. Зад Македонија на листата се наоѓаат селекции како Бугарија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и други регионални ривали.

Прочитај Повеќе

За време на градежните работи на втората фаза Фариш – Дреново од изградбата на експресниот пат Градско-Дреново, беа забележани пукнатини на две опасни карпи високи околу 70-тина метри, од кои едната се наоѓа над веќе изградениот мост од левата страна, што претставува потенцијална опасност од евентуално уривање на мостот. Токму затоа, ЈПДП заедно со Изведувачот и Надзорот преземаа активности за санација и стабилизација на косините долж трасата на експресниот пат, кои се активно зафатени од процесот на ерозија, односно се започна процес за нивно ублажување, со цел нивна стабилизација, како и активни мерки за заштита од ерозија. Сепак, процесот на…

Прочитај Повеќе

Претседателот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев вечерва сподели прекрасни вести, тој и неговата сопруга добија ќерка. Фотографија од болничката соба објави на социјалните мрежи, каде напиша: Се роди Сара. Фала ви на сите. Ај па и на ваши глави. Редакцијата на 24 Инфо упатува големи честитки!

Прочитај Повеќе

Новиот гувернер на Народната банка, Трајко Славески вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 порача дека е против замрзнување на маржите. Како што вели, нема ефекти од тоа. -Мислите дека постојано треба да бидат замрзнати? Ама како, кој е моделот? Имаме ние регулирани цени на нафта, телекомуникациски, но нема и никаде во светот нема регулаторно тело за малопродажните цени, додаде Славески.

Прочитај Повеќе

Министерот за локална самоуправа Златко Перински заедно со градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска извршија увид во градежните активности за изградба на вакумска фекална канализација во Јурумлери зона 1 и зона 2 со вкупна должина од 4071 метар, а ја најавија и втората фаза од изведбата на проектот. За неа, Општината аплицираше на вториот владин повик за поддршка на општински инфраструктурни проекти, чија вкупна вредност изнесува нецели 150 милиони денари, од кои речиси 145 милиони денари се побаруваат од Министерство за животна средина и просторно планирање, а останатите се кофинансирани од страна на општината. Градоначалникот Стефковски истакна дека станува…

Прочитај Повеќе