Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»И во Општина Илинден може да се изнајми електричен автомобил
    Република

    И во Општина Илинден може да се изнајми електричен автомобил

    26/08/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    За прв пат граѓаните на Општина Илинден ќе имаат можност да изнајмуваат електрични автомобили за своите потреби. За таа цел градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и директорот на Авант Кар, Мартин Милевски потпишаа Меморандум за соработка преку кој се овозможува на територија на општина Илинден воведување и имплементација на Систем за дистрибуција на автомобили со 100% електрична енергија.

    Поставени на три локации на територија на општина Илинден, односно на паркингот кај Домот на култура „Илинден“, на паркингот кај спортската сала „Гоце Делчев“ и на паркинг просторот кај спортско рекреативниот центар во Марино, граѓаните преку инсталирање на апликација на својот мобилен уред ќе можат да го користат електричниот автомобил. На истите локации каде се наоѓаат автомобилите ќе бидат поставени и електрични полначи за истите. Автомобилите се под името на брендот Авант „Avant2GO“.

    Како што изјави градоначалникот Александар Георгиевски, Општина Илинден од ден на ден станува се поубава и помодернизирана Општина. Целта е да се подобри квалитетот на живот преку создавање напредни решенија за одржлива мобилност. Ние ја следиме визијата за чиста, едноставна, ефикасна и достапна подвижност, која дејствува како платена услуга само кога ни е потребна.

    Споделувањето на електричните возила е самопослужување краткорочен наем на разни воспоставени електрични возила по претходно утврдени локации 24 часа на ден, секој ден во годината. Преку апликацијата која треба да биде инсталирана на паметен телефон (од резервација до плаќање), корисникот може да земе возило во секое време.

    Оваа услуга во Скопје постои од мај годинава, а први општини кои ги воведоа беа ГАзи Баба, Аеродром, Чаир, може да се забележат и во Центар, како и на Меѓународниот аеродром Скопје.

    Поврзани вести:

    Облачно и ветровито време низ Македонија, ветерот ќе достигне до 60 км/ч

    Облачно и ветровито време низ Македонија, ветерот ќе достигне до 60 км/ч

    Мицкоски во Њујорк се сретна со заменик-државниот секретар на САД

    Мицкоски во Њујорк се сретна со заменик-државниот секретар на САД

    Судот го казни Рамиз Мерко со 5.000 евра за незаконски поставена спомен-плоча

    Судот го казни Рамиз Мерко со 5.000 евра за незаконски поставена спомен-плоча

    Почина уште еден пациент со Западнонилска треска, бројот на жртви се искачи на девет

    Почина уште еден пациент со Западнонилска треска, бројот на жртви се искачи на девет

    Судењето за пожарот во „Пулс“ почна одново, обвинетите повторно негираа вина

    Судењето за пожарот во „Пулс“ почна одново, обвинетите повторно негираа вина

    Температурите до 32 степени, но попладне со локално невреме

    Температурите до 32 степени, но попладне со локално невреме

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Облачно и ветровито време низ Македонија, ветерот ќе достигне до 60 км/ч

    22/09/2026

    Мицкоски во Њујорк се сретна со заменик-државниот секретар на САД

    21/09/2026

    Судот го казни Рамиз Мерко со 5.000 евра за незаконски поставена спомен-плоча

    21/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.