Автор: K.

Изминатите два дена на спортските терени во општина Илинден се одржа спортската манифестација ,,Денови за спорт на младите во општина Илинден”. Според програмата се одиграа финални општински натпревари на основните училишта во футсал, ракомет и одбојка во машка и женска категорија, турнир во баскет за ученици од СОСУ ,,Илинден”, елементарни штафетни игри за ученици од одделенска настава. -И годинава ми беше чест да ги доделам признанијата за најдобрите спортисти од оваа прекрасна манифестација, истакна градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски во објава на социјалните мрежи. На натпреварите во атлетика на 60 метри во женска категорија 1 место освои Јована Костова…

Прочитај Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски го охрабри Обвинителството да работи понатаму и да утврдува дали уште некој друг има одговорност во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во која животите ги загубија 62 млади луѓе и околу 200 беа повредени. По вчерашното одредување мерка притвор од 30 дена за вистинскиот сопственик на Агенцијата за обезбедување „Рубикон“, Александар Нацев, кој е поврзан со трагедијата во Кочани, прашан какви конекции има Нацев со партиските структури и раководство на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски кажа дека Нацев бил функционер на влада на ВМРО-ДПМНЕ во периодот 2016-2017 година. -Александар Нацев бил дел од владата на ВМРО-ДПМНЕ во периодот…

Прочитај Повеќе

По овластување на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, екипи на МВР извршија увид на лице место во куќа на улицата Солунска, каде според првичните сознанија, внука при вршење семејно насилство се обидела да ги лиши од живот сопствените баба и дедо, нанесувајќи им повеќе убоди со нож. Јавниот обвинител издаде повеќе наредби и насоки за целосно расчистување на настанот. -Осомничената е лишена од слобода и се постапува за обезбедување докази, се наведува во соопштението на ОЈО Битола.

Прочитај Повеќе

Танцов перформанс „БЛОТ“ (Body line of thought) на „Тангај колектив“ (Tangaj collective) во рамки на „Перформанс платформа фестивал #ППФ2025“ – јунска едиција ќе се реализира вечер со почеток од 20 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ), информираат организаторите на настанот. Во соопштението се истакнува дека слободен е влезот за перформансот наменет за лица над 16 години, а фотографирањето за време на настанот е забрането. – Во текот на изминатите години, перформансот беше изведен на фестивали низ Романија, Канада, Мексико, Шведска, Полска и Бугарија, стекнувајќи признание на престижни меѓународни платформи. Особено се издвојува учеството во официјалната програма на Internationale Tanzmesse 2024…

Прочитај Повеќе

Техничкиот премиер на Косово, Албин Курти, изрази подготвеност да соработува со Соединетите Американски Држави, по предлогот на претседателот Доналд Трамп, Приштина да прифати имигранти депортирани од САД, наведуваат локалните медиуми. Курти, одговарајќи на прашање на локалните медиуми, изрази подготвеност да се зафати со ова прашање, во согласност со наведените услови. Во одговорот беше наведено дека до 50 лица би можеле да бидат преселени во Косово за период од една година, со цел да им се олесни безбедното враќање во земјите на потекло. -Како одговор на барањето на Соединетите Американски Држави за прифаќање и привремено преселување на државјани од трети земји,…

Прочитај Повеќе

„Фантазија” е насловен овогодишниот традиционален концерт на Македонската филхармонија кој ќе се одржи на отворено во Градскиот парк во петок, на 13 јуни, со почеток во 20.30 часот. На програмата ќе биде музиката од анимирани филмови од продукцијата на „Дизни”, а диригент е Тимоти Редмонд од Велика Британија. Како солисти ќе настапат сопранистката Биљана Јосифов, тенорот Денис Димоски и бас баритонот Иван Наумовски. -Како што веќе знаете, оваа година на концертот во Парк насловен „Фантазија” ќе се изведе музика од најубавите анимирани филмови, преку избор на композиции од „Малечката сирена”, „Убавицата и ѕверот”, „Херкулес”, „Покахонтас”, „Аладин”, „Книга од џунглата”, „Снежно…

Прочитај Повеќе

Во својот завршен збор обвинителката Ана Стојковиќ побара доживотна казна затвор за обвинетите за двојното убиство на детето Вања и велешанецот Панче. Двете убиства ги извршиле на умислен и на свиреп начин, направи катастрофична животна траума од висок степен, рече обвинителката која нагласи дека обвинетите во текот на судењето не покажале ниту каење ниту жалење за настаните. Во однос на мотивот за убиството на девојчето кој се проблематизира во јавноста обвинителката рече дека сторителот одговара за убиство на дете и законодавецот не бара чист мотив. “Не е пречка да биде обвинет и осуден, а мотивот не е услов за тоа…

Прочитај Повеќе

Средношколците и оваа година ќе имаат право бесплатно да се возат во автобусите на ЈСП Скопје за време на летниот распуст доколку ги исполнуваат условите за користење бесплатен јавен превоз. Правото на бесплатен превоз за време на претстојниот распуст е согласно Програмата за активностите на Град Скопје од областа на средното образование во 2025 година која, меѓудругото, вели „со почетокот на 2025 година учениците од средните училишта на Град Скопје ќе имаат можност да користат бесплатен превоз и за време на зимскиот и летниот распуст и на овој начин непречено да ги извршуваат своите училишни обврски за посетување на феријална…

Прочитај Повеќе

Промовирано е ново современо и уникатно против пожарно возило. Како што објасни Влатко Николовски, координатор на проектот „Гасење на пожари со употреба на современи техники“ на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, возилото е во комплетно домашно производство и е направено благодарение на 30-годишното искуство на командниот тим на скопската бригада. -Целиот развој е направен без никаква владини, невладини фондации или фондови, за да докажеме дека Македонија може да развива мобилно и моќно возило. По него, многу брзо ќе следува уште поголемо возило за шумски пожари, кое е полесно за производство. Во исто време успеавме први во Европа и…

Прочитај Повеќе

Кисела Вода изобилува со талентирани ученици, на што сме исклучително горди. За таа цел, објавен е јавниот повик за доделување на награди на талентирани ученици и спортисти од основните училишта на територијата на Кисела Вода, што претставува еден стимул за нивното понатамошно градење како личности, сподели преку социјалните мрежи градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. Се работи за Јавен повик за пријавување на најдобрите основци кои, постигнале одлични резултати на натпреварите во образованието, културата, науката и спортот кои ќе добијат финансиска поддршка, а мешовити комисии составени од претставници на Советите на родителите, наставничките совети, општинската администрација итн, ќе се…

Прочитај Повеќе