Градоначалникот на општина Илинден Александар Георгиевски приреди прием за учениците од општинските основни училишта кои освоија високи места на државните натпревари и им додели признанија за постигнатите резултати. Градоначалникот им ги честиташе успесите на учениците и нивните ментори и истакна дека е горд што има голем број наградени ученици од општина Илинден. Тој додаде дека локалната самоуправа посветено цели да ги промовира и поттикнува постигнатите успеси и достигнувања на учениците од општината. На вкупно 20 тина ученици и нивните ментори и годинава им беа доделени признанија за постигнатиот успех, што претставува признание за трудот на наградените, но и мотив за…
Автор: K.
Во врска со информациите за влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран да ги следат националните портали за итни случаи и строго да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции. Воедно, Министерството апелира до сите наши државјани да се воздржат од било какви патувања кон земјите од овој регион, до подобрување на безбедносната состојба. Согласно добиените информации од Амбасадата на Република Северна Македонија во Тел Авив, во моментов воздушниот простор над Израел и Иран е затворен, како и аеродромите во Тел…
Државниот јавен обвинител на Љупчо Коцевски и обвинителскиот тим кој ја води истрагата на Основното јавно обвинителство Кочани во врска со пожарот во клубот „Пулс”, денеска ќе одржат прес -конференција за досегашната постапка во овој предмет и донесената јавнообвинителска одлука. Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што се случи ноќта на 16 март, загинаа 62 лица, а околу 200 беа повредени.
Ја поздравуваме вечерашната акција на Обвинителството за организиран криминал и корупција во која се лишени од слобода полицајци и полициски функционери кои биле на смена кобната вечер на 16 март во т.н. дискотека Пулс во Кочани. Фактот што четири месеци ВМРО-ДПМНЕ се обидуваше да ја сокрие одговорноста на полицајците и полициските функционери, фактот што нивната вина беше негирана од страна на Панче Тошковски и Христијан Мицкоски укажува на тоа дека сите биле вмешани или на некој начин знаеле за нелегалното работење на Пулс и тоа го одобрувале. Само поради обидите да се сокрие одговорноста од страна на Тошковски и Мицкоски…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе биде домаќин на министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, кој ќе престојува во работна посета на Република Северна Македонија. Во фокусот на разговорите, како што информираат од Министерството, ќе бидат можностите за унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји, кои изминатиот период остварија интензивна и плодна соработка, како и тридецениското пријателство и континуираниот пораст на трговската размена. Во рамките на посетата, се очекува потпишување на Договор за стратешка соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Унгарија, Меморандум за разбирање меѓу Министерството за…
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструиран патен правец Охрид (Коњско) – Св. Наум. Од владината прес-служба најавија дека премиерот Мицкоски ќе има и свое обраќање на настанот.
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 34 степени. УХМР информира дека во следните денови времето ќе биде стабилно, претежно сончево и топло. Ќе дува умерен, во сабота наместа долж…
Израел изведе голем напад врз Иран, чија мета биле нуклеарни постројки, фабрики за балистички проектили и командни центри на војската, велејќи дека ова е почеток на продолжена операција која треба да го спречи Иран да произведе атомско оружје. Во нападот е убиен шефот на иранската војска Мохамад Багери. Иранските медиуми известија за експлозии, вклучувајќи и во главниот објект за збогатување ураниум во Натанз, додека Израел прогласи вонредна состојба во очекување на одмазднички напади со проектили и дронови. Иранската револуционерна гарда потврди дека во нападот загинал нејзиниот главен заповедник Хосеин Салами, а државните медиуми објавија дека било погодено седиштето на гардата…
Што е ново во Скопје? Дознавате секој ден во урбаните вести „Ритамот на Скопје“ на Прва скопска ТВ од 16:45, 19:55, 22:00 и 01:00 часот.
Индиските власти соопштија дека се пронајдени 204 тела од уривањето на патнички авион на Ер Индија што се случи кратко по полетувањето од аеродромот во Ахмадабад кон Лондон. Портпарол на полицијата за новинската агенција ДПА изјави дека авионот, кој сообраќал на релација од западноиндискиот град Ахмадабад до аеродромот Гатвик, се урнал денеска, при што речиси сите патници се верува дека загинале. Единствен потврдено преживеан е 40-годишниот Британец Вишваш Кумар Рамеш, кој во изјава за весникот “Хиндустан Тајмс” опиша дека уривањето се случило само 30 секунди по полетувањето, придружено со силен шум пред судирот. Авионот, модел Боинг 787 Дримлајнер, полетал од…