Пуштен е во употреба реконструираниот пат Понов мост – Богданци во должина од 4,8 километри, инвестиција од пет милиони евра обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие државни патишта (ЈПДП), дел од регионалниот пат кој ги поврзува Гевгелија и Богданци. Делницата е целосно рехабилитирана, изваден е стариот асфалт, тампонот и постелката и поставена е нова постелка, тампон и два слоја нов асфалт. Рехабилитиран е и мостот пред Богданци на кој му се зајакнати столбовите, направена е хидроизолација и ставени се два слоја нов асфалт. Направени се и бетонски и земјени одводни канали покрај патот кои овозможуваат патот да биде постабилен и…
Автор: K.
Потрошувачите на електрична енергија имаат законско право на визуелен пристап до сопствените броила, а секое спречување на тој пристап од страна на операторот на електродистрибутивниот систем – во овој случај ЕВН – претставува прекршување на Законот за енергетика. „Инженери на Македонија“ велат дека Законот предвидува глоба од 1.000 до 3.000 евра за операторот ЕВН ако не го исполни ова свое законско задолжение. –Секој граѓанин што не може да го види својот броило, ниту да го контролира внесениот податок за потрошувачката, има право да поднесе претставка и да бара инспекциски надзор и санкционирање на операторот. Ова се однесува и на случаите…
Министерството за здравство обезбеди 300 паркинг места за вработените во Клиничкиот центар, лоцирани во комплексот Лимак. Министерот за здравство, Азир Алиу, денес на прес-конференција изјави дека на овој начин се решава еден од најитните проблеми и секојдневниот метеж со паркирањето во овој најголем здравствен комплекс во државата. Во услови кога над 6,000 луѓе секој ден минуваат низ комплексот Мајка Тереза во Скопје, а повеќе од 2,500 се вработени, прашањето на паркирањето не може да биде оставено на импровизации. Министерството за здравство склучи Меморандум за соработка со компанијата Лимак, со што се обезбедува паркинг простор за 300 возила наменет за здравствените…
Пo недели пад, доларот порасна во однос на кошницата валути минатата недела бидејќи ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран ги поттикна инвеститорите да бараат побезбедни засолништа за нивниот капитал. Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американската валута во однос на шесте главни валути, минатата недела се зголеми за 0,6 отсто на 98,77 поени. Еврото се лизна за 0,2 отсто на 1,1525 долари. Американската валута зајакна и во однос на јапонскиот јен, за 1,3 отсто и достигна 146,05 јени. Доларот веќе подолго време е под притисок поради нејасната, каприциозна тарифна политика на американскиот претседател Доналд Трамп, а неговата…
Поради затворање на аеродромот и воздушниот простор во Израел, евакуацијата на македонските државјани преку Тел Авив е моментално невозможна, соопшти денеска Амбасадата на Република Северна Македонија во Израел. – Во моментов нема услови за организирана авионска евакуација од аеродромот Бен Гурион. Сепак, граѓаните може да ја искористат алтернативната морска рута од пристаништето Ашдод до Лимасол, Кипар, преку компанијата „Mano Shipping“, информираат од амбасадата. Следната достапна опција е патничкиот брод „Crown Iris“, кој според најавите ќе отплови од Ашдод на 27 јуни (петок) во 12:00 часот, со капацитет од 1.500 патници. Билети можат да се набават директно преку веб-страницата на компанијата…
оединетите Американски Држави спроведоа воздушен напад врз три ирански нуклеарни објекти (Фордо, Натанз и Есфахан), користејќи т.н. „бункер-бастер“ бомби, соопшти американски претседател Доналд Трамп. Нападот беше изведен во координација со Израел, откако Иран започна уште еден ракетен напад врз израелска територија, пишува Асошиејтед Прес. Во изјава на социјалната мрежа X, иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, остро го осуди нападот, предупредувајќи дека „САД ќе се соочат со вечни последици“. Амбасадорот на Иран во ОН, Амир Саид Иравани, побара итен состанок на Советот за безбедност, нарекувајќи ги американските напади „гнасни“ и „нелегална употреба на сила“. Од Меѓународната агенција за атомска…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премини Табановце задржувањето од македонска страна е околу 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими група американски државјани предводени од Мајк Зафировски, кои од денеска престојуваат на аџилак во земјава. Како што соопшти Кабинетот на претседателката, изразувајќи огромна благодарност за приемот, истакнатите и угледни членови на американското општество ја запознаа претседателката со мотивот и инспирацијата за посетата на земјава, како една од нивните три дестинации за аџилак, покрај Грција и Турција, посочувајќи дека на Македонија гледаат како на духовна и културна ризница со богата традиција и историско наследство. Поздравувајќи го нивниот избор за аџилак, Сиљановска-Давкова им посакала успех и изразила уверување дека ќе понесат незаборавни спомени и впечатоци од автентичноста на…
Во базата за подготовки на Вардар во Раденци, Словенија, денес официјално беше потпишан четиригодишен професионален договор со 20-годишниот аргентински дефанзивец, Мануел Куестас. Куестас пристигна во клубот во јануари годинава и во изминатиот период се истакна со своите фудбалски способности, но и со својот карактер и посветеност, оставајќи силен впечаток кај стручниот штаб. Аргентинецот Куестас ќе ја засили стоперската позиција во тимот.
Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага за помагање при убиство и киднаширање на Вања и Панче против лицето З.Д, член на партијата Десна и вработен во Народната банка како техничко лице. Тој во текот на денешниот ден беше во полициска станица на распит, откако вчера експресно беше уапсен, по откривањето на неговиот идентитет, од страна на друг обвинет за време на судско рочиште. -По пренесени инструкции од првообвинетиот, осомничениот од просториите на политичката партија Десна зел еден син ранец во кој се наоѓало огнено оружје пиштол – со кој биле извршени двете кривични дела и го отстранил од партијата. Со…