Автор: K.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против С.Д. од Скопје, началник на Одделението за криминалистички работи при ЕВР Кисела Вода, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик. При негов личен и претрес во службени простории на МВР, каде што извршува службени…

Прочитај Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице кое е осомничено за нанесување телесна повреда согласно член 130 став 2 од Кривичниот законик. Во семејниот дом на улицата “Бутелска”, на 20 јуни, осомничениот 54-годишник, во алкохолизирана состојба, ja навредувал својата сопруга, а потоа и физички ја нападнал, удирајќи ја со чадор по телото и главата. Од многубројните удари оштетената започнала да крвари и да губи свест, па влечејќи се успеала да стигне до дворот и од таму повикала помош. Ценејќи ги сите околности, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување…

Прочитај Повеќе

Од вечерва ќе се пушти за сообраќај за сите возила делницата од Подмоље до Охрид, како дел од автопатот Кичево –Охрид, информира Министерството за транспорт. По тој повод, како што посочуваат, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трaјановски, денеска извршија увид во изградбата на оваа делница. -Констатирано беше дека изградбата на автопатот се одвива според договорената динамика и покрај бројните проблеми во минатото. Градбата на автопатот Охрид- Кичево беше во целосен застој во време на СДСМ и ДУИ, цели 7 години не се работеше ништо. Со доаѓањето на ВМРО -ДПМНЕ на…

Прочитај Повеќе

Општина Илинден започна со изградба на сервисна улица „1“ во Јака. Како што наведоа во ниивната фејсбук објава, Општина Илинден продолжува со засиленото темпо на инфраструктурни проекти, а најнов проект за урбан развој е изградбата на сервисната улица „1“ во Јака, и додаваат дека овој проект претставува значаен чекор во подобрување на локалната патна мрежа. Со изградба на коловоз во должина од 220 метри и широчина од 5 метри, како и тротоар со широчина од 1,5 метар од едната страна, се создаваат услови за безбедно и непречено движење на пешаците и возилата. Во рамки на проектот е опфатена изградба на…

Прочитај Повеќе

Жена од Македонија починала на плажа во местото Метармофози во општина Ситонија на Халкидики, објавува „Халикидики њуз“. Жената била на возраст од 77 години, а засега не е објавена причината за смртта. И покрај напорите на службите за идни случаи, жената починала откако била пренресена во здравствениот центар во Агиос Николаос, објавува порталот. Телото ќе биде испратено на обдукција, за да се утврдат причините за смртта.

Прочитај Повеќе

Најмногу дожд, 16 литри на квадратен метар, во изминатите 24 часа наврна во Охрид, по што следат Попова Шапка со девет и Тетово со еден литар на квадратен метар, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Оттаму најавуваат дека денеска ќе биде сончево и малку посвежо со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 33 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде претежно сончево и малку посвежо. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура…

Прочитај Повеќе

Времето денеска ќе биде сончево и малку посвежо со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во Скопје, претежно сончево и малку посвежо со температура до 32 степени. Ќе дува умерен во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Утре времето ќе биде сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи од 6 до 17, а максималната од 26 до 34 Целзиусови степени.

Прочитај Повеќе

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски во интервју за Прва скопска ТВ, одговори на прашањата, кои ги интересираат скопјани, но и пред се, граѓаните на општина Карпош. Јакимовски одговори и на коментарите дека во Карпош многу се гради. -Во Карпош се гради само еден колективен објект, тоа е кај бензинската на Макпетрол, во Карпош 3 и се градат во цел Карпош, 62 индивидуални градби и ништо повеќе од тоа. Тој што вели дека во Карпош многу се гради, нека провери дали во моментот се градат помалку од 50 колективни згради во Општина Аеродром и сигурно повеќе од толку, во Општина…

Прочитај Повеќе

Во насока на обезбедување на квалитетни и ефикасни комунални услуги за потребите на граѓаните, општина Илинден континуирано работи на опремување и модернизирање на јавните општински комунални претпријатија. За поквалитетно одржување на јавната чистота, одржување на јавните зелени површини набавена е работна машина, трактор со приклучна механизација, телескопска рака за косење и кастрење вегетација (мулчер). Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој денеска присуствување на промоцијата на новото возило истакна дека ќе се користи за одржување на јавните зелени површини, чистење на локалните патишта од вегетација, пришто ќе се допринесе за зголемување на безбедноста во сообраќајот како и отстранување на покрупната…

Прочитај Повеќе

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција при Јавното обвинителство, по целосно спроведени две дисциплински постапки и испитани факти и околности, ги прифати предлозите поднесени од државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски и одлучи дека вишиот јавен обвинител и уште еден јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје сториле тешки дисциплински повреди од член 91 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство, односно намерно и неоправдано направиле крупни професионални грешки, се вели во нивното соопштение. Како што објаснуваат, врз основа на изведените докази, Комисијата утврди дека јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје, против…

Прочитај Повеќе