На 20.06.2025 во 00.40 часот на ул.„Осоговска“ во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го лишиле од слобода И.И.(43) од с.Косевица, општина Македонска Каменица. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 2,06 промили алкохол во организмот. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Автор: K.
Што е ново во Скопје? Дознавате секој ден во урбаните вести „Ритамот на Скопје“ на Прва скопска ТВ од 16:45, 19:55, 22:00 и 01:00 часот.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –…
Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ќе учествува на 6. Меѓународен самит за образовни технологии, што се одржува во Истанбул, од 20 до 22 јуни 2025 година, во организација на Министерството за национално образование и наука на Република Турција. Како што соопшти Министерството за образование и наука, оваа година собирот на креатори на образовни политики од повеќе земји, претставници на образовни установи, глобални техничко – технолошки компании и технолошки паркови се фокусира на обликување на иднината на образованието преку примена на вештачката интелигенција. Над 100 учесници на повеќе од 50 сесии ќе ја нагласат трансформативната моќ на…
Михалис Рокас, амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија денеска ќе ја посети општина Крива Паланка како дел од иницијативата за информирање на јавноста која има за цел да ја доближи ЕУ и процесот на интеграција на земјата до локалните граѓани. Посетата ќе почне со средби меѓу амбасадорот Рокас и градоначалникот Сашко Митовски, како и со Општинскиот совет. Овие дискусии ќе се фокусираат на придобивките од пристапувањето во ЕУ и конкретното влијание на помошта од ЕУ врз секојдневниот живот во регионот. Попладнето, во 18 часот, предвидено е амбасадорот да присуствува на официјалното отворање на проектот „ПАРКОВИ“ (PARKS) финансиран од Интеррег…
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 степени.…
Најдоцна до почетокот на септември сите државни возила ќе добијат таблички во боја, најави вечерва директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски додавајќи дека тоа ќе се случи пред локaлните избори што ќе бидат најверојатно околу 15 октомври. МВР веќе има распишано тендерска постапка за набавка на црвена и жолта боја со која ќе се бележат службените возила, а јавното отворање ќе биде на 25 јуни. – На 25 јуни ќе биде јавното отворање на тоа. Се надевам дека ќе имаме фирма која ќе ни ги достави побаруваните бои и ќе добиеме најниска цена и веднаш после…
Објавен е јавниот повик за набавка на 120-те еколошки автобуси од кои 80 ќе бидат наменети за Град Скопје, соопшти вечерва вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Останатите 40 автобуси ќе бидат распределени согласно економската оправданост и реалните потреби на секоја од единиците на локалната самоуправа. Во интервју за Канал 5 телевизија, Николоски рече дека огласот е објавен пред два дена и дека еколошките автобуси се една од трите клучни работи што му се потребни на главниот град за да се намали аерозагадувањето. Покрај еколошките автобуси, за намалување на аерозагадувањето во Скопје, според Николоски, потребни се и градски воз…
Има физибилити студија за брзата пруга од Коридорот 10 и таа е испратена до финансиските институции, изјави вечерва вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Николоски е уверен дека државава ќе го има најдобрите услови за финансирање за брзата пруга. Очекува финансирањето да биде прецизирано до средината на јули по што ќе се влезе во селекција и уверува дека ќе биде избрана најдобрата понуда. Притоа, како што посочува, ќе се бара да биде заедничко проектирањето и изведбата и да има фиксен рок за изградба, односно пет години. Во интервју за Канал 5 телевизија Николоски оцени дека ова е голема шанса…
Што е ново во Скопје? Дознавате секој ден во урбаните вести „Ритамот на Скопје“ на Прва скопска ТВ од 16:45, 19:55, 22:00 и 01:00 часот.