Претседателот на СДСМ, Венко Филипче соопшти 19 кандидати за градоначалници, а меѓу нив се најдоа и дел од кандидатите за неколку скопски општини. Повеќе детали во прилогот на Прва Скопска ТВ:
Автор: K.
До средината на јули треба да стигнат понудите на тендерот за набавка на електричните автобуси. Повеќе детали во прилогот на Прва Скопска ТВ:
Министерот за здравство Азир Алиу денеска објави дека Министерството обезбедило 300 паркинг места во комплексот „Лимак“ за вработените во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, со што се дава одговор на еден од најгорливите проблеми во најголемиот здравствен комплекс во државата. Повеќе детали во прилогот на Прва Скопска ТВ:
Кавадаречката полиција поднела кривична пријава против жители на Марена поради сомнеж дека краделе кабел за фотоволтаици за струја, како и против две лица од Струмица, поради сомнеж дека ги откупиле кабелот и бакарот. За ова попладнево информираа од Секторот за внатрешни работи Велес. ОВР Кавадарци, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднело кривична пријава против шест млади лица, сите од село Марена, кавадаречко. –Пријавата е поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236, соопштија од СВР Велес. Кривична пријава била поднесена и против 37 – годишник со привремен престој во Струмица и 43 – годишен…
Во моментов во земјава имаме помалку од 400 пожарникари во сите единици на противпожарна заштита, иако согласно закон бројот треба да биде поголем од 800. Законот јасно вели дека на 1500 жители треба да има по еден пожарникар. Не постои тренинг центар за обука за новите и старите пожарникари. Дел од пожарникарите работат со стари возила и стара опрема. Сите треба да се организираме и да ја направиме оваа ситуација да биде подобра бидејќи луѓето кои работат во противпожараните единици многу често ги жртвуваат своите животи, своето здравје обидувајќи се да не спасат сите нас, порача извршната директорка на Заедницата…
Државното првенство за млади во класичен шах кое се одржа во Струмица, при што, во согласност со пропозициите на Светската шаховска федерација ФИДЕ, се организираа натпревари во шест старосни категории. Како и секоја година, талентите кои ја имаат поддршката од клубот и кои работат со најдобрите и најуспешни македонски шахисти и тренери, очекувано, повторно се враќаат со медали и признанија за своите настапи. Меѓу девојките со златни медали се вратија Моника Жежовска (У18) и Илијана Велева (У12), додека, пак, Исидора Лукановска (У14) освои сребрен медал. Во машка конкуренција беше понеизвесно, па така Давид Атанасовски беше едно од најпријатните изненадувања бидејќи…
Албанскиот фудбалер Мирлинд Даку нема да се приклучи на Зенит од бизарна причина. Раководството на клубот од Санкт Петербург одлучи да не го трансферира Албанецот во своите редови поради една тетоважа што ја има. Имено, станува збор за тетоважа што ја прикажува честа на командант на таканаречената ослободителна војска на Косово, Агим Рамадани – Катана. Според извештаите, тетоважата била значаен фактор во одлуката на раководството на Зенит да се откаже од трансферот, иако деталите биле договорени, пишува претходно споменатата руска веб-страница, без да наведува извори. Даку стана јавна сензација откако отпеа песна што содржеше низа навреди против Србите и Македонците…
Корупцијата во македонското општество не е далечна, ниту пак апстрактна. Таа е тука, пред нас – на административните шалтери, во болниците, училишните клупи…Ја среќаваме во секојдневни ситуации кога некој ќе шепне: „Може да се среди, ама знаеш како“, „Ако сакаш побрзо, има начин“, „Ќе завршиме преку ред, ама, јасно ти е како, нели?“. И, тогаш, што правиме? Молчиме, го прифаќаме непристојниот предлог или конечно го креваме гласот? Ајде да го кренеме гласот! Да направиме еден чекор, да пријавиме, да кажеме „не“ на неправдата. Кога сите тие мали „не“ ќе ги собереме, ќе станеме моќна сила, сила што може да создаде…
Годинава, очекувањата се економскиот раст да изнесува три проценти, додека на среден рок проекциите укажуваат на раст на економијата од околу четири проценти. Основното макроекономско сценарио упатува на солидна динамика на натамошно економско закрепнување, истакнува гувернерот Трајко Славески во интервју за порталот „Пари“. Славески посочи дека главен носител на растот се инвестициите, потпомогнато од најавениот јавен инфраструктурен циклус, но и од приливот на странски инвестиции и солидната кредитна поддршка на корпоративниот сектор од страна на банките. – Минатата година, странските директни инвестиции достигнаа исклучително високо ниво од околу седум проценти од БДП, што сигурно ќе ѝ даде позитивен поттик на…
По една година од новата влада, состојбата со македонската економија е алармантна. Македонија економски е понижена. Живеачката на луѓето e сè потешка од ден во ден, стандардот е уништен, граѓаните се оставени сами на ударот од енормните поскапувања, додека постојано го чувствуваат падот на куповната моќ гледаат како власта аздисува и се луксузира. Растот на платите е целосно закочен, цените на основните производи расте. Народот едвај врзува крај со крај. Додека народот живее на раб на егзистенција, функционерите на власта се расфрлаат со луксуз – летаат со приватни авиони, трошат на скапа храна, папаја, манго, уживаат во хотели од соништата.…