Отчет за сработеното во првата година на Владата ќе одржат вечерва владините претставници во Скопје. Премиерот Христијан Мицкоски вчера на својот Фејсбук профил соопшти дека за една година покачиле пензии и плати, градат патишта, обезбедиле над 1.2 милијарди евра странски инвестиции и вработиле 1000 полициски службеници и нагласи дека развојот е возможен и на дофат, а најдоброто допрва доаѓа, плодовите на работата на Владата допрва ќе се чувствуваат. Внимателно ја следиме состојбата во Израел, значајното зголемување на насилствата, вклучително и постојаниот напад од ракетен оган од појасот Газа кон Израел. Испалувањето на ракети од Газа н -Имаме уште многу работа,…
Автор: K.
Времето денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени. Како што соопштија од УХМР, во Скопје времето ќе биде сончево и топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 35 степени. Следува период на претежно сончево и топло време со значителен пораст на температурите.
Експерт за пластична хирургија утре ќе ги посети повредените од пожарот од Кочани кои се на рехабилитација во Пониква за да види каков потреби имаат и како ќе може да им се помогне, најави денеска министерот за здравство Азир Алиу. -Таму 45 граѓани се дел од таа програма во Пониква. Имаме пет вработени, двајца лекари и три медицински сестри. Имаме програма која е во тек од сабота. Денеска на пример таму температурата е фантастична 17 степени. Надвор се, играат кошарка и такви активности имаат. Во понеделник одат други експерти професионалци поврзани со активностите со нашата програма за две недели. Исто…
Во Кочани пристигнаа 407 кутии со силиконски лепенки Atrauman Silicone, со вкупно 4.070 лепенки, како дел од континуираната хуманитарна помош за повредените од трагичниот настан во клубот „Пулс“, информира Граѓанската иницијатива Support Kocani. Овие медицински лепенки, во кои секоја кутија содржи 10 парчиња, како што посочуваат, се специјално наменети за третман на изгореници и чувствителни повреди на кожа. Тие претставуваат донација од хумани сограѓани и компании кои живеат и работат во Словенија, кои великодушно се приклучија на нашата мисија за помош. -Лепенките наскоро ќе бидат донирани на Општата болница во Кочани, во координација со здравствените служби и потребите на пациентите.…
Лицемерно е СДС да зборува дека Македонија била понижена, бидејќи тоа што СДС го направи за 7 години на државата, ќе треба време да се исправи, но затоа имаме доверба од граѓаните да доведеме ред. Кога СДС зборува за економијата и платите, добро е македонската јавност да знае дека јавниот долг од 47% во 2017 година, се искачи на 65% во 2024 година, и секако бевме доведени до раб на банкрот. Во однос на платите и нивните зголемувања, СДС нека го прашаат Филипче и Заев, каде ги однесоа украдените пари од Буџетот и колку вложуваа во авиокомпании и висококатници во…
Потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска денеска на партиската трибина насловена „Македонија понижена – една година Влада“ изјави дека во Македонија се случува сериозна тенденциозна операција која има цел да ја разниша уставно загарантираната поделба на власти и да ја поткопа независноста на правосудството како трета и клучна власт. Чупеска потенцираше дека интервенциите врз судството, редовно продуцираните скандали и предмети од страна на власта на ВМРО-ДПМНЕ, се во директна спротивност со ветувањата од нивната изборна програма. -Наместо реални реформи и правда, сведочиме на континуирано и систематско поткопување на судската независност и правдата. Ветувањата за правда, вклучително и правдата за неправедно осудените,…
ВЛЕН најостро ги осудува лицемерните обиди на Бујар Османи и Арбер Адеми да ја блокираат и омаловажат процедурата за конечно усвојување на Законот за правична застапеност. Очигледно имаат нешто против уставното право за Албанците, кое ДУИ никогаш не го реализираше. Очигледно е дека тие од ДУИ се единствените што губат кога владее ред и мерит систем, затоа што Бујар Османи ја вработи сопругата во АЕК, а сестрата во М-НАВ, на најскапи работни места, додека Арбер Адеми му обезбеди универзитетска плата на својот брат. Додека тие и нивните семејства се шетаа низ јавните институции и бираа ВИП позиции, младите Албанци мораа…
Очекувам силна порака од Европскиот парламент за македонскиот идентитет и за македонскиот јазик. Деновиве добив вознемирувачки информации за една силна активност на одредени политичари во Брисел. Успеавме да го амортизираме ударот, кој што повторно некој сакаше да го нанесе врз македонскиот идентитет и јазик. Сепак, огромното мнозинство таму застанува зад нашите аргументи. Ние ќе се бориме против оние кои што изминатите седум години ја ограбија и понижија државата, порача премиерот Христијан Мицкоски. Мицкоски, кој денеска присуствуваше на пуштање во употреба на реконструираниот регионален пат Понов мост-Богданци, одговорајќи на новинарско прашање, посочи дека откако ја добил информацијата за една силна активност…
Од 1 јули ќе стапи на сила забрана за движење во шумите и ќе важи најмалку до крајот на август. Иако оваа забрана се спроведува секое лето кога има високи температури, според надлежните, најголемата причина за шумските пожари е токму човечкиот фактор. Поради ова, секој што ќе мора да се движи во шумата за време на периодот на забраната ќе мора да добие дозвола од Националните шуми, од каде што ќе се следат нивните активности. -Доколку некој добил дозвола да се пресели во Скопскиот регион, во одреден регион, и таму имаме негативна појава – ако има пожар, ако има кражба,…
Во обраќање кон сите разочарани и скептични граѓани, Венко Филипче упати јасна порака – СДСМ не е иста со ВМРО-ДПМНЕ. Оваа борба не е само за власт, туку за вредности, вистина и еднаквост. –Сакам да им се обратам на оние кои велат „сите се исти“ или „во СДСМ нема промена“. Не сме исти. Не се исти оние кои вртат глава кога ќе се пожалите на тешка живеачка и оние кои понудија решенија за повисоки плати и пониски цени. Не се исти оние кои ветуваа правда, а испорачаа селективна правда – и оние кои секојдневно нудат решенија и реформи со кои…