Соопштение на СДСМ: Мицкоски секојдневно потврдува дека не го интересира здравјето и безбедноста на граѓаните, го интересира само партијата и бесполезните партиски трибини. На вчерашниот црн ден во кој две лица ги загубија животите во пожарите, а институциите целосно потфрлија во управување со кризата, Мицкоски реши да си држи партиски трибини наместо да ја мобилизира целата влада за справување со кризата. Минатата година, во која изгореа 10% од државата, Мицкоски одеше и сечеше ленти на проекти на СДСМ, а сега ја тера партиската агенда додека неговите институции целосно потфрлаат и граѓаните се оставени сами на себе. Неговата единствена цел е…
Автор: K.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е посветена на изградба на темелите и основата за енергетска стабилност во државата, како и сигурен и ефикасен енергетски систем за одржлив и модерен развој. За разлика од минатите 7 години на нестручно и недомаќинско владеење на СДС и ДУИ со енергетскиот сектор кој доведе до девастација на електро енергетските капацитети и неколку кратно зголемување на сметките за електрична и топлинска енергија на граѓаните сега се поставени темелите за енергетска стабилност и независност, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција. Се градат 66,6 километри гасовод на македонска страна. Почетниот капацитет на гас е…
ЦУК соопшти дека се активни пожарите во Чучер Сандево – Блаце, каде е зафатена ниска вегетација, во село Визбегово во Шуто Оризари каде гори депонја, во Прилеп – с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид, мешана шума. Во пожари во Македонски Брод, се зафатени дабова шума и грмушки, помеѓу с. Црешнево и с. Локвица, ниска вегетација, пожар проширен од фабрика „Самоков“ во с. Рамне, како и мешана шума во селата Слатина и Ковче. Исто така во општина Чашка, под Солунска Глава, м.в. Изворите на Бабуна и Бабина Дупка, чад во карпест дел, а гори и нискостеблеста шума во село Николиќ во Дојран.…
Голем пожар вчера попладне го зафати грчкиот остров Тасос, кој е една од омилените летни дестинации за македонските туристи. Огнот избувнал во шумски предел. Локацијата е меѓу популарните туристички места Потос и Пефкари. Силниот ветар придонел за брзо ширење на пламените јазици низ боровата шума, што предизвикало голема загриженост. Пожарот предизвикал паника меѓу туристите. Како мерка на претпазливост, евакуиран е и еден хотел кој се наоѓал во близина. На социјалните мрежи се појавија драматични снимки од огнот и од чадот. На нив се гледа како туристите ги напуштаат плажите. Според грчките медиуми, причината за пожарот е удар на гром. Громот…
Сообраќајот на потегот од клучка Орман до клучка Мирковци е пуштен за редовен сообраќај, исто така и на потегот Скопје-ГП за ГР Блаце. Како што информира изутринава АМСМ, нормализиран е и сообраќајот на експресениот пат Ранковце-Крива Паланка во двата правца.
Времето денеска ќе биде сончево и посвежо со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, над 60 км/ч. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 31 степен. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 29 степени. Во следните денови времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе биде во постепен пораст.
Блокирана е Обиколницата околу Скопје поради пожарот. Пожарот што ја зафати Македонија и повеќе делови од Скопје, продолжува да прави вистински хаос и во главниот град на државата. Од лице место, нашиот репортер известува дека е блокирана обиколницата околу Скопје поради пожарот, поради што има големи гужви и сообраќајот е во застој.
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека поради повторно разгорување на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Скопје-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце. Министерството за внатрешни работи во координација со другите надлежни институции презема мерки за гасење на пожарот. Апелираме до граѓаните да не тргнуваат кон ГП Блаце до гасењето на пожарот и нормализирање на сообраќајот, за што соодветно ќе ја информираме јавноста.
Се поврзуваме со гасоводите на соседите, што ќе нè направи регионална енергетска крстосница, што ќе значи повеќе избори, повеќе стабилност и пониски трошоци, а државава повеќе нема да биде на крајот од мрежата, туку во срцето на регионалниот енергетски тек, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски на стартот на изградбата на гасниот интерконектор со Грција. Мицкоски истакна дека овој интерконектор ќе донесе нови извори на природен гас, стабилно снабдување за индустријата и домаќинствата, пониски цени за граѓаните, поголема конкурентност за компаниите силна порака дека државава конечно станува дел од европската енергетска мрежа. -Ќе изградиме 66,7 километри гасовод на македонска територија, со…
Хеликоптерот на Министерството за внатрешни работи „aгуста бел 212“ кој беше вклучен во гаснењето на пожарот кај Визбегово, е повлечен поради силиот ветер и густиот чад. – Хеликоптерот на МВР „aуста бел 212“ беше упатен да помогне во гасењето на пожарот во Визбегово. Беа извршени повеќе фрлања на вода но поради засилениот ветер и густиот чад, за сега хеликоптерот е повлечен во базата, соопшти МВР. Покрај хеликоптерот, во гаснењето на пожарот е вклучен и еден авион „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување. Пожарот се гасне и од копно и во акцијата се вклучени пожарникари од Територијалната противпожарна единица…