Општина Чаир најостро го осуди инцидентот што се случи меѓу градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, и неколку лица на територијата на општината, нагласувајќи дека ваквите случувања се неприфатливи и спротивни на вредностите на едно демократско и цивилизирано општество. Во соопштението испратено до јавноста, од Општина Чаир појаснуваат дека настанот не е во никаква поврзаност со нивната институција. „Ниту еден вработен или функционер на Општина Чаир не бил инволвиран, ниту пак присутен на местото на настанот“, стои во соопштението. Од таму потенцираат дека остануваат посветени на зачувувањето на јавниот ред, почитувањето на институциите и унапредувањето на соживотот меѓу заедниците. Општината…
Автор: K.
Соопштение на Фатмир Сабриу од ВЛЕН: Денес сме тука да споделиме со вас преглед на една извонредна година работа, посветеност и пресврт на очекувањата во областа на социјалната заштита, еден од основните столбови на нашата визија за пофер и похумано општество. ВЛЕН како дел од Владата, докажа дека ветената промена не е само слоган, туку опиплива реалност за илјадници граѓани. Со транспарентен, инклузивен пристап и врз основа на реалните потреби на луѓето, имплементиравме реформи кои со години останаа блокирани или игнорирани од претходните влади. Во текот на изминатата година, над 80 милиони денари месечно се инвестирани во социјални услуги, апсолутен…
Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, најостро го осудува нападот врз официјални лица од Градот Скопје. Овој брутален напад е последица на атмосферата на страв и беззаконие што ја создава оваа власт. Овој напад е уште еден доказ дека кога се зборува за криминал, кога се откриваат злоупотреби, институциите не ве штитат — туку ве оставаат на милост и немилост на насилниците. Со недели наназад, јавноста гледаше како во Скопје се откриваат скандали, дивоградби, приклучоци, милионски малверзации, но наместо истрагите да завршат со расчистување на криминалот, завршија со закани. Наместо институциите да ги казнат криминалците, молчеа.…
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска околу пладне била физички нападната додека извршувала службени обврски на територија на Општина Чаир, потврди Министерството за внатрешни работи. Инцидентот, како што соопшти МВР, го пријавило друго лице со иницијали А.Ј., а не самата Арсовска, која по нападот се упатила во ГОБ „8 Септември“ за да побара лекарска помош. –На 11.07.2025 во 12:15 часот, во СВР Скопје од страна на А.Ј. е пријавено дека при извршување работни задачи на улицата Кумбара физички била нападната градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, и дека повеќе лица ѝ упатувале вербални закани. Истата не сакала да поднесе…
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска изврши увид во градежните активности за доградба на основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во општина Кисела Вода. Проектот, кој е во напредна фаза на реализација, има за цел да обезбеди услови за спроведување на едносменска настава во ова училиште. -Доградбата предвидува шест нови училници, по две на приземје, на првиот и на вториот кат, со вкупна површина од 390 квадратни метри. Градежните работи се во напредна фаза, а ова е уште една потврда за нашите заложби за системско унапредување на условите за сите ученици. Дополнително, на овој начин, се овозможуваат и долгорочни заштеди во сметките за електрична…
СВР Штип поднесе кривична пријава против З.Б.(62) од с.Русиново, беровско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“. На 10.02.2025 во основно училиште, пријавената вршејќи службени дејствија како наставник, физички нападнала ученик.
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска изврши увид во градежните активности на автопатот Битола–Прилеп, дел од стратешкиот Коридор 10Д. Тој нагласи дека овој капитален проект претставува клучна инвестиција за економскиот и инфраструктурниот развој на целиот Пелагониски регион. -Овој автопат е од огромно значење за нашиот регион. Го поврзува Битола со автопатската мрежа, го забрзува и олеснува транспортот, и отвора нови можности за туризмот, бизнисот и поврзаноста со останатиот дел од државата, изјави Коњановски. Како што истакна, преку новата делница ќе се обезбеди: побрз и побезбеден проток на луѓе и стоки, подобра комуникација помеѓу градовите, како и поттик за нови инвестиции…
Во Градската општа болница денеска околу 10:55 часот бил донесен 50-годишен маж со прострелни рани во пределот на градниот кош, без знаци на живот, информираат од установата во врска со пукањето што се случи утрово во селото Батинци, скопско. -Денеска, околу 10:55 часот, во болницата е донесено машко лице, на возраст од 50 години, со рани во пределот на градниот кош. Веднаш беа преземени мерки за реанимација, но било констатирано дека тој е веќе починат, изјавија од Градската општа болница. Околностите под кои настанал инцидентот засега не се познати, а надлежните органи започнаа истрага за расветлување на случајот. Полицијата изврши…
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска го помина денот на Пеленица во друштво со децата со церебрална парализа, на традиционалниот излет посветен на дружба и поддршка. Со посветеност и емпатија, тој уште еднаш ја истакна важноста на грижата и вниманието кон лицата со попреченост, најавувајќи уште посилна заложба за унапредување на нивните права и услови за живот. -На мое големо задoволство, денеска повторно се дружевме со децата со церебрална парализа, на нашиот веќе традиционален излет во Пеленица. Овие дружби се значајни за сите нас, бидејќи се прекрасна можност да се поврземе, да се поддржиме и да создадеме моменти на радост и заедништво.…
Тренерот на Работнички, Бојан Маркоски, оцени дека синоќешннот пораз од белоруски Торпедо – Белаз од 3-0 во првиот натпревар од воведното квалификациско коло во Конференциската лига е превисок, но оти неговите играчи ќе дадат максимум на реваншот идната недела во Скопје. -Беше тоа тежок натпревар и убедлив пораз за нас, а според мое мислење не заслуживме таков пораз од 3-0, истакна Маркоски на прес конференцијата по натпреварот кој се одигра на неутрален терен во Унгарија. -Противникот беше поискусен тим, знаеше тоа да го искористи, го отвори резултатот од корнер, од воиграна акција која пред мечот им ја напоменавме на играчите.…