Автор: K.

Седумдесет и четиригодишник од Мала Речица, Тетовско, вчеравечер бил приведен откако околу 20 часот на својата нива во Тетово, вршејќи земјоделски работи, на неколку места на нивата запалил сува трева и отпадоци. -По добиената пријава, полициски службеници се упатиле кон местото на настанот и го лишиле од слобода, информираат од Министерството за внатрешни работи. Мажот бил приведен во 21 часот во близина на бензинската пумпа во Тетово и задржан во полициска станица. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за предизвикување општа опасност. Огнот на нивата бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Тетово.

Прочитај Повеќе

Корисниците од населба Бардовци ќе немаат вода поради санација во Хидрофорска постројка Бардовци. Како што соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување на санацијата.

Прочитај Повеќе

Во Основен кривичен суд Скопје денеска треба да почне судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев и тројца лекари онколози за несовесно лекување на пациенти. Првиот обвинет, Васев како директор на Клиниката, во соизвршителство со друг лекар на истот оддел, се товари дека извршил продолжени „тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување болни“. Во обвинителниот акт стои дека со медицинските вештачења е утврдено дека кај 29 пациенти првообвинетиот применил очигледно неподобен начин на лекување и спротивно на тековните онколошки упатства, со отстапувања во дозирањето и во фазата на лекување, давал лекови од новите генерации на…

Прочитај Повеќе

До 7:30 часот има вкупно 38 пожари на отворен простор низ државава, од кои седум се активни, четири се под контрола и изгаснати се 27 пожари. Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во: Општина Чучер Сандево – помеѓу селата. Блаце и Горњани, место викано Рамна шума (шумски пожар); Општина Прилеп – село Бешиште, место викано Бешишки Рид (приземен во мешана шума); Општина Македонски Брод – помеѓу селата Црешнево и Локвица (деградирана дабова шума и грмушки); Општина Македонски Брод – село Крапа (нискостеблеста шума); Општина Дојран: село Николиќ (нискостеблеста шума); Општина Чашка – под Солунска…

Прочитај Повеќе

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне 32 степени. Како што соопшти УХМР, во наредните денови следува период на сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе биде во постепен пораст.

Прочитај Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи во врска со вчерашниот пожар во Визбегово, поведе итна постапка против две лица – маж и жена за кривично дело Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. -Постапката е поведена бидејќи двајцата физички нападнале екипа – новинар и снимател на ТВ Алсат М и ги спречиле во извршување на нивните службени задачи, односно да известуваат за настанатиот пожар во близина на отпад за старо железо, соопшти ОЈО Скопје. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд…

Прочитај Повеќе

Како институција што обезбедува ценовна и финансиска стабилност, Народната банка има важна улога во создавањето предуслови за одржлив економски развој. Преку водење независна, предвидлива и одговорна монетарна политика, зајакнување на финансискиот систем и преку поддршка на структурните реформи, Народната банка директно придонесува за градење стабилно економско опкружување. Во тој контекст, денеска се одржа првата официјална средба меѓу гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески и новоименуваната директорка на Канцеларијата на Светската банка за Северна Македонија и Косово, Кaрол Межеван. На средбата беа разгледани можностите за продлабочување на соработката со Светската банка, којашто претставува важен партнер во поддршката на националните политики…

Прочитај Повеќе

Извештајот на Центарот за управување со кризи покажува дека на 9 јули 2025 година (среда), системот за итни повици E-112 забележал 4199 повици, што е најголем број евидентиран досега за еден ден. Од нив, испратени повици за услуга биле 711: Овие се повици каде што биле активирани институции за интервенција: Полиција 286 повици, 40,23% Итна помош 72 повици, 10,13% Противпожарна 297 повици, 41,77% ЦУК 54 повици, 7,59% АМСМ 2 повика, 0,28%

Прочитај Повеќе

Македонската одбојкарска репрезентација до 19 години со победа го почна настапот на Балканскиот шампионат во Бања Лука, откако синоќа во воведното коло триумфираше над домаќинот Босна и Херцеговина со 3:1 (25:20, 25:23, 20:25, 25 :15). Македонија денеска од 15:30 часот ќе се сретне со Романија, која вчера беше поразена од Турција со 3:1. Македонските одбојкарски јуниори се дел од групата А во која завршниот дуел против Турција ќе го одиграат утре во терминот од 15: 30 часот. Во групата Б се репрезентациите на Бугарија, Грција, Србија и Црна Гора.

Прочитај Повеќе

Едно лице го загуби животот, а има и повредени во тешката сообраќајна несреќа што синоќа се случи на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на аеродромот во Охрид. Според првичните информации, до несреќата дошло при судар на две патнички возила. На местото на несреќата биле веднаш испратени екипи на Службата за итна медицинска помош, на Територијалната противпожарна единица од Охрид, како и на сообраќајната полиција. Извршен е увид за утврдување на околностите што довеле до трагичниот настан.

Прочитај Повеќе