Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов во контекст на сомневањата дека дел од пожарите се подметнати изјави дека пожарникарите кои учествувале во гаснењето на пожарот во Чучер Сандево на повеќе места нашле запалени палети и им мирисало на бензин. – Тоа апсолутно зборува за намерни палежи затоа што ако ние дојдовме таму по два часа, немаше да ги најдеме палетите, ниту остатоците. Ќе имаше само пепел, рече Анггелов синоќа во гостување на телевизија Телма За пренамената на возилата на интервентната пожарна, Ангелов рече дека се правени со поддршка на општествено-одговорни компании, без средства од Владата. – Во…
Автор: K.
Европскиот парламент денеска во рамки на овонеделната сесија во Стразбур ќе гласа за усвојување на Извештајот на австрискиот европратеник Томас Вајц за земјава за 2023 и 2024 година. На предлог текстот на извештајот се поднесени вкупно 28 амандмани, меѓу кои и три како заеднички предлог на европратениците Анджеј Халицки во име на Европската народна партија (ЕПП), Кетлин Ван Бремпт во име на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократиите (СД) и Дан Барна во име на либералната група „Да ја обновиме Европа“ (РЕ), со кои се бара бришење на формулацијата „македонски јазик и идентитет“ од документот. Денешното гласање следува по синоќешната…
Бети Стаменкоска Трајкоска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ гостуваше во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа. Таа истакна дека прогласувањето на кризна состојба, значи дека Владата сериозно се справува со пожарите. Според неа, се преземаат мерки како нови вработувања, ангажирање невработени лица со финансиски надоместоци, со цел да се зголеми капацитетот на системот. -Владата прогласи 30 дневна кризна состојба поврзана со проблемите околу пожарите. Се справуваме со она што го имаме и со кое што Македонија располага во моменталнава состојба, рече Стаменкоска Трајкоска. Стаменкоска Трајкоска истакна дека мора да се земе во предвид состојбата која беше наследена, односно целосна…
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ создава услови за нов циклус на економски раст. Се поттикнува економската слобода на инвеститорите преку креирање на фер услови за сите стопански субјекти. За разлика од минатото денес имаме економија која расте, инвеститори кои ги препознаваат можностите во земјава, раст на индустриското производство и извоз кој се зголемува. Владата на СДС и ДУИ се фокусираше на провизиите и не беше заинтересирана за странски инвестиции и отворање на нови работни места. Наместо креирање услови за компаниите и инвестиции СДС и ДУИ се грижеа како лично да профитираат, а недостатокот на доверба кај инвеститорите во владата на СДС…
Владата повторно ги остави граѓаните сами да се борат со пожарите, гледаме катастрофална неподготвеност на институциите. Само еден ден откако завршија со ПР и сликање со импровизираните хермелини, реалноста им се удри од глава на Мицкоски и Ангелов. Минатата година изгореа речиси 10% од територијата на државата и тогаш СДСМ им беше крив за пожарите иакко додека СДСМ беше на власт за седум години изгоре помалку шума тколку за една година на ДПМНЕ. Ветуваа дека ова лето „ќе бидат подготвени“, а денес ја гледаме истата неспособност, истата незаинтересираност и истата импровизација. Цела година имаа да набават опрема, да вработат пожарникари…
Нови амбулантни возила и изградба на Центар за изгореници предлага Левица со амандмани кон ребалансот Во услови кога имаме расипничка и десничарска влада, која во континуитет крати средства од ранливите категории и јавното здравство го перцепира само низ призмата на трошок, пратеничката група на Левица амандмански интервенира во Предлог-ребалансот на буџетот за 2025 година, со цел зајакнување на капацитетите на јавното здравство. Со поднесените амандмани кон ребалансот, Левица предлага издвојување на 1 милион евра за набавка на нови амбулантни возила, имајќи во предвид дека просечната старост на амбулантните возила во Македонија изнесува 14 години, а што е уште позастрашувачки -…
Во кругот на Клиничката болница „Др. Трифун Пановски“ – Битола изби пожар од запалена сува трева. Надлежните служби навремено и ефикасно интервенираа и го локализираа во најкраток можен рок. Нема материјална штета врз болничките објекти, ниту е загрозена безбедноста на пациентите и вработените. -Министерството за здравство информира дека синоќа во кругот на Клиничката болница „Др. Трифун Пановски“ – Битола, изби пожар како резултат на запалена сува трева. Пожарот веднаш беше пријавен во Центарот за управување со кризи и противпожарната станица, по што надлежните служби навремено и ефикасно интервенираа и го локализираа во најкраток можен рок. Од страна на болницата беа…
Активни се вкупно седум пожари на отворено, еден е локализиран и еден е под контрола, а изгаснати се 23, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активните се пожарите во Општина Прилеп – с. Бешиште (приземен пожар во мешана шума), Општина Македонски Брод – помеѓу с. Црешнево и с. Слатин (деградирана дабова шума и грмушки), Општина Чашка – под Солунска глава, меѓу Изворите на Бабуна и Бабина дупка (само чад, карпест терен), Општина Чучер Сандево – помеѓу с. Блаце и с. Чучер (мешана шума и ниска вегетација), Општина Шуто Оризари – Њу Стар Хотел (депонија), Општина Дојран – с. Николич…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе се обрати на Меѓународната конференција за регионален развој која ќе се одржи во Општина Гевгелија во хотел Рамада Плаза, соопштија од владината прес-служба. Оттаму информираат дека во 11:40 часот премиерот Мицкоски ќе даде изјава за медиуми на мостот на реката Вардар – Башино Село во Општина Велес.
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во нацрт-документот усвоен во рамки на годинашната 47. Сесија што се одржува во Париз бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни богатства во опасност. По разгледувањето на доставената документација во нацрт-одлуката се посочува дека продолжува деградацијата на атрибутите што го поместија Охридскиот регион како заштитено наследство на УНЕСКО и се бара исполнување на забелешките на Реактивната мониторигн мисија од минатата година. Во нацрт-верзијата на самата одлука и овојпат се нотираат слабостите за односот на државата, институциите, властите на национално и локално ниво кон Охридското Езеро и градот Охрид како…