Автор: K.

Европскиот парламент денеска со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“ денеска го усвои Извештајот на австрискиот европратеник Томас Вајц за земјава за 2023 и 2024 година. Во писмена изјава по гласањето Вајц посочи дека земјава е предводник во регионот, покажувајќи вистинска посветеност на вредностите на ЕУ, вклучително и историска промена на името и смели реформи. – Но, нејзиното пристапување е неправедно блокирано предолго поради билатерални спорови, поттикнувајќи ја јавната фрустрација и разочарување од ЕУ, вели Вајц во изјавата. Тој посочува дека во Извештајот се нагласува оти проширувањето треба да биде процес базиран на заслуги, врз основа на Копенхашките…

Прочитај Повеќе

Сообраќајот на магистралниот пат Скопје – ГП Блаце е пренасочен во двата правца поради појава на пожар на потегот по БП Дизел, спроти базата на „Гранит“, информира АМСМ. Според податоците на ЦУК, заклучно со 13 часот се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои активни се десет. Има три активни пожари во Македонски Брод, помеѓу с. Црешнево, с. Локвица и с. Слатин (деградирана дабова шума и грмушки), во с. Самоков (опожарен лесно запалив материјал) и во с. Рамне (ниска вегетација, проширен од фабриката Самоков), два во Кавадарци: с. Крушевица (ниска вегетација) и с. Крњево (нискостеблеста вегетација) и по…

Прочитај Повеќе

Здружението на новинарите на Македонија го осудува денешниот физички напад врз новинарската екипа на телевизијата АЛСАТ М, која известувала за големиот пожар на дивата депонија во Визбегово. -Според информациите од колегите, новинарот Авни Тахири и снимателот Шенол Хајредини од екипата биле физички нападнати од лице сопственик на отпадот за кој се смета дека го предизвикал пожарот. Напаѓачот насилно му го одзел мобилниот телефон на новинарот Тахири и го фрлил во огнот, а снимателот Шенол Хајредини бил исто така нападнат и му била скршена камерата. Лицето е уапсено од страна на Министерството за внатрешни работи, а случајот е пријавен во МВР,…

Прочитај Повеќе

Пожар во Крива Паланка, градот е во чад. -Градот се наоѓа под најголема стихија, а домовите на населението се директно загрозени, изјави градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски. Градоначалникот апелира на смиреност и истовремено бара итна помош од соседните градови и од државата за справување со огнената стихија. Надлежните служби се на терен, но поради големината и интензитетот на пожарот, потребна е дополнителна поддршка за да се заштити населението и нивните имоти, соопштија градоначалникот Сашко Митовски. Од општината со апел: -Општината е зафатена од сериозни пожари кои се шират со голема брзина и претставуваат закана за домовите и безбедноста на…

Прочитај Повеќе

Полицијата го приведе сопственикот на депонијата која гори повеќе од два часа кај Визбегово, пренесе 4NEWS.mk Во моментот на приведување, сопственикот даде отпор на полицијата по што настана и физичка пресметка. Нападната била и телевизиска екипа која прва пристигнала на местото на настанот. Според првични информации, еден од вработенитеи физички ги нападнал и им ја скршил телевизиската камера. Пожарот се уште не е локализиран и постои опасност да се прошири кон соседните куќи. Доколку има потреба можна е и евакуација на населението. Во моментов интервенира еден Ер Трактор.

Прочитај Повеќе

Пожарот близу дивата депонија во Визбегово е опасност за жителите во Шуто Оризари и ако има потреба ќе треба да се евакуираат, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од ЦУК велат дека му е укажано на градоначалникот на Шуто Оризари дека ако се процени ќе има потреба за евакуација на населението кое се наоѓа во тој реон. Во моментов се интервенира од екипи на Бригатата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје. -Во реонот на Визбегово, Општина Шуто Оризари во близина на дивата депонија, избувнал пожар кој се шири и претставува ризик за проширување кон околните површини. Има опасност…

Прочитај Повеќе

Хеликоптер од рано утрово учествува во гаснењето на пожарот над селото Николич во околината на Дојран, а еден „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување ќе се вклучи во гаснењето на пожарот над фабриката „Самоков“ во општина Македонски Брод. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов очекува овие два тешки пожари во текот на денот да бидат ставени под целосна контрола. -Нашиот фокус денеска ќе биде на гаснење на пожарот во околината на Дојран над селото Николич. Овде има една сосем мала брана која што хеликоптерот ја користи за полнење на вода и дејствува врз овој тежок…

Прочитај Повеќе

Без голови заврши првиот натпревар во првото квалификациско коло во фудбалската Лига на шампиони. Екипата на Шкендија одигра нерешено, 0:0, на гостувањето против екипата ТНС во Велс, Велика Британија. Шкендија беше рамноправен ривал на ТНС. Во најголем дел од мечот топката беше кај нив, имаа неколку нереализирани можности, но не успеаја да најдат простор за гол и по продолжението од четири минути. Судија на натпреварот беше Ирецот Роб Хенеси. 0:0 останува стартен резултат за реваншот кој ќе биде за седум дена, во вторник на 15 јули, во Скопје.

Прочитај Повеќе

Собранието денеска треба да ја започне новата 59. седница на која како прва точка на дневниот ред е интерпелацијата за работата на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, поднесена од пратеничката група на Европски фронт. Претседателот на Собранието, Африм Гаши на неделниот брифинг со новинарите истакна дека на понеделничката координација со координаторите на пратеничките групи преовладувала перцепцијата дека не е добро Собранието да врши интерпелација на Претседател на Уставен суд. -Се отвори прашањето за интерпелацијата на претседателот на Уставниот суд. Ние ја ставивме како точка на дневниот ред. Имаше дискусија дали сме постапиле добро, дали е во ред или не,…

Прочитај Повеќе

Во Собранието денеска ќе биде одбележан 11 јули – Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница. Како што информираат од собраниската прес-служба, настанот ќе го модерира пратеникот на „Левица“ Амар Мециновиќ, а ќе се обратат претседателот на Собранието Африм Гаши, претставничката на Координативното тело за одбележување на 30-годишницата од Сребреница, Селма Ризвановиќ Мандал, претставникот на Бошњачкиот Национален Сојуз, Џевад Хот и Муамер Џанановиќ, директор на Институтот за истражување на злочинот Сарајево. Претседателот на Собранието, Африм Гаши во понеделникот на брифинг со новинарите информира дека собраниски службеник, а не претставник на невладините организации ќе претседава со седницата. Тој е уверен…

Прочитај Повеќе