Повеќе делови од Скопје денеска ќе бидат без електрична енергија поради планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа, информираат од ЕВН Македонија.
Според најавата, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има на следните локации:
– Од 08:00 до 15:30 часот, поради замена на пет столбови, без струја ќе останат потрошувачите на патот кон фармите во Јурумлери и на улицата „27“ во општина Илинден.
– Од 08:30 до 16:00 часот, без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците на улиците „Христо Татарчев“ бр. 14 и „Христо Татарчев“ бр. 2 во општина Кисела Вода.
– Од 09:00 до 14:00 часот, прекин во снабдувањето ќе има за потрошувачите на улиците „Хусеин Бајрам“, „Лезе Томи“, „Григор Прличев“, како и на улиците 163, 165, 166, 170 и 171 во општина Гази Баба.
– Од 09:00 до 13:00 часот, без струја ќе останат дел од потрошувачите во населбата Црвена Прес во Сопиште.
– Од 09:30 до 15:30 часот, електрична енергија нема да има во објектот на Македонската опера и балет (МОБ) во општина Центар.
Од ЕВН апелираат граѓаните да ги имаат предвид планираните прекини и да ги приспособат своите активности.
